Македонија

Следува голем студ, многу дожд и снег во Македонија

И во Скопје и околината за време на погоре споменатиот период ќе има обилни врнежи од дожд а на околните планини и повисоки места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег  и ќе дува засилен ветер од северен правец. И во Скопје и околината ќе има големо заладување на времето.

Под влијание на Средоземен циклон кој секундарно ќе се формира и ќе влијае на времето во нашата Македонија  и тоа уште од среда 1 октомври почнувајќи од вечерните часови и ноќта кон утрешниот ден (четврток 2 октомври) и во текот на целиот утрешен ден четврток како и во петок (2 и 3 октомври) условувајќи облачно време со обилни врнежи од дожд насекаде во Македонија.

Во најголем дел од нашата Македонија ќе наврне големо количество на воден талог (над 30 литри дожд на метар квадратен а локално дури и над 60 литри дожд на метар квадратен).

Во исто време од исток и од североисток, односно од Русија во нашата Македонија ќе продира многу ладен воздух, невообичаен за самиот почеток на октомври и ќе услови засилен ветер од северен правец и многу ниски температури на воздухот. Токму поради ова на планините  и на повисоките места врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег со што ќе се формира првата сериозна снежна покривка за оваа сезона. На планините, особено оние планини со поголема надморска височина локално ќе се формира снежна покривка дури од над 50/60 сантиметри снег.

Поради понатамошно заладување ноќта четврток кон петок како и во петок (3 октомври) снежната граница ќе се спушти и под 1000 метри надморска височина, па така врнежи од снег ќе има  и во дел од повисоките градови особено во западните  и во северните предели од нашата Македонија.

И во Скопје и околината за време на погоре споменатиот период ќе има обилни врнежи од дожд а на околните планини и повисоки места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег  и ќе дува засилен ветер од северен правец. И во Скопје и околината ќе има големо заладување на времето.

Што се однесува до температурите, тие во четврток (2 октомври) ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени а во петок (3 октомври) тие ќе бидат уште пониски и ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 9 степени. На повисоките  и планинските места температурите ќе бидат под нулата  и ќе има појава на мраз.

Се на се пред нас е права зима уште во првите денови од месец октомври и температурите ќе бидат потпросечни дури и за повеќе од 10/15 степени што е премногу. Подгответе ја топлата облека  и зимските гуми на возилата, и секако бидете крајно внимателни доколку патувате низ планинските превои и тоа поради очекуваните обилни врнежи од снег  и снежната покривка, но и поради очекуваната појава на мраз поради минусните температури на воздухот.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): За шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат сите инволвирани

Ќе мораме како јавност да имаме разбирање дека можеби е еден од најголемите кривично-правни процеси коишто ќе треба да бидат сработени од страна на Министерството за внатрешни работи заедно во соработка, особено со Финансовата полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царина и Јавното обвинителство, рече Тошковски.

Петрушевски: Паника и хистерија во СДС, кој ќе седне на обвинителна клупа по сведочењето на Груби?!

Осврнувајќи се на темата за поранешниот вицепремиер Артан Груби во владата на СДС, пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски истакна во емисијата „Анализа“ на ТВ 24 дека би требало институциите независно да постапуваат во тој случај. Според него, опозициската СДС стравува од тоа што би изнел Груби пред обвинителството и кој би седнал до него на обвинителната клупа, ако она што тој го изнел иницира поширока одговорност за можни злоупотреби во рамки на поранешната влада.

Нова трагедија со паѓање од балкон овојпат на 10-годишно дете во Тетово

„Денеска, на 3.03.2026 година околу 9 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче од Тетово. Според пријавеното, детето кое било со здравствени проблеми паднало од тераса од станот во кој живеело во Тетово. Животот го изгубило по паѓањето од балконот.“ – соопшти денес тетовска полиција.

To top