Македонија

Следува ли нов шок за проширувањето на ЕУ, Кос најавува еволуција на моделот

Промената на методологијата за прием на нови членки е како во 90 минута на фудбалски меч да ги менувате правилата на фудбалот

Седум години откако на барање на Франција Европската унија воведе нова методологија за проширување за нови членки европската Комесарка за проширување Марта Кос зборува за еволуција на моделот врз основа на кој се врши проемот на нови членки на ЕУ.

Кос оваа порака која внесува вознемир кај земјите кандидатки Кос ја испраќа од Минхен каде на безбедносната конференција имаше средба со претседателот на Азербејџан Илхам Алиев.

,,Додека се подготвуваме за нова безбедносна реалност во Европа, мора да ја зголемиме нашата независност за да ја добиеме контролата врз нашиот континент.

За ова, нашиот модел на проширување на ЕУ треба да еволуира. И да ја премости потребата од решителна акција за да се обезбеди стабилност и времето потребно за кредибилни реформи во нашите земји-кандидатки.

Ова мора да биде усогласено со нови партнерства во нашето соседство. Со Илхам Алиев, претседател на Азербејџан, дебатиравме за тоа како посилната поврзаност ги диверзифицира нашите врски со Блискиот Исток и Азија”, вели Кос во најавата за нова промена на моделот на проширување на ЕУ.

Промената на методологијата за оценка на земјите кандидати во 2019 година и најавата за еволуција на моделот на прием е како во 90 минута на фудбалски меч да ги менувате правилата на спортот за што предходно предупреди и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова зборувајќи за потреба од јасни правила кои не треба да се менуваат во од.

Најнови вести од: Македонија

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

To top