Македонија Хроника

Смртна закана, па кражба – скопјанец одзел роба од 6.000 евра и избегал

Скопјанец е осомничен дека извршил тешка кражба во објект на булеварот „Борис Трајковски“ одземајќи алат вреден 6.000 евра, соопшти Министерството за внатрешни работи. „Кога при кражбата бил затекнат од чувар на градилиштето, осомничениот употребил сила и закана дека ќе го убие, физички го нападнал со тупаници по лицето и тешко телесно го повредил. Потоа побегнал, […]

Скопјанец е осомничен дека извршил тешка кражба во објект на булеварот „Борис Трајковски“ одземајќи алат вреден 6.000 евра, соопшти Министерството за внатрешни работи.

  • Кога при кражбата бил затекнат од чувар на градилиштето, осомничениот употребил сила и закана дека ќе го убие, физички го нападнал со тупаници по лицето и тешко телесно го повредил. Потоа побегнал, носејќи со себе една вреќа украдени предмети“, се наведува во полицискиот билтен.

МВР соопшти дека осомничениот 29-годишник влегол во магацинот на 12 октомври 2024 година со умисла да украде разновиден електричен алат, калориметри и други предмети во вредност од 363.000 денари.

  • Имајќи предвид дека осомничениот и претходно бил осудуван за кражби, како и начинот на кој го извршил ова дело, јавниот обвинител оценил дека постои ризик од бегство и опасност да го повтори делото, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор“, се додава во билтенот.

Најнови вести од: Македонија Хроника

Ченто со честитка и порака до Савески: Да се исправат неправдите, Македонија мора да излезе од правното мочуриште и да стане вистинска правна држава!

Јане Ченто, осуден за настаните од 27 април 2017 година, му упати честитка на новиот државен јавен обвинител Ненад Савески, изразувајќи очекување за суштински промени во функционирањето на обвинителството. „Македонија не смее да остане заробена во неправда“, нагласи Јане Ченто.

Савески: Секој обвинител има законска обврска да се постапува по тековните предмети, нема да има приоритетни предмети, а партиите не се мој интерес!

„Секој јавен обвинител има законска обврска да постапува по тековните предмети. Нивната работа ниту почнува, ниту завршува со мене. За мене секој предмет има ист интерес, нема да има приоритетни предмети. Ја гарантирам отчетноста и транспарентноста на секој јавен обвинител за секој предмет.“ – нагласи новиот државен обвинител на Република Македонија Ненад Савески денес при давањето на свечената заклетва во Собранието на Република Македонија.

Директор на ЈП од Струмица 47 пати ја злоупотребил службената положба

Пријавениот директор на ЈП „Комуналец“ – Струмица, во текот на 2022 и 2023 година донесувал одлуки за исплата на надомест, односно одлуки за обештетување за неискористени денови од годишни одмори за него и за неколку други лица, вработени во јавното претпријатие

To top