Македонија

Снег на Попова Шапка: Утрински температури длабоко под нулата

Утрово Македонија се разбуди во студени услови, со најниска температура од -7 степени Целзиусови измерена во Скопје

Утрово Македонија се разбуди во студени услови, со најниска температура од -7 степени Целзиусови измерена во Скопје, кај Петровец, според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Под нулата беа температурите во поголемиот дел од земјата.

Најниски минимални температури утрово:

  • Скопје-Петровец: -7 °C
  • Тетово, Велес, Штип, Демир Капија, Струмица, Берово: -6 °C
  • Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Битола, Кавадарци: -5 °C
  • Охрид, Претор, Крушево: -1 °C

Снежна покривка (утрово):

  • Попова Шапка: 24 cm
  • Маврови Анови: 14 cm
  • Крушево: 13 cm
  • Тетово и Ѓуриште: по 1 cm

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималните дневни температури ќе се движат од 3 до 10 степени.

Во Скопје се очекува сончево и тивко време, со максимална температура до 7 степени.

Студениот бран од север постепено се повлекува, а денеска преовладува стабилно и сончево време, што ќе овозможи пријатен ден и покрај утринскиот мраз.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top