Македонија

Со перница сакала да ја задуши 87-годишната баба на сопругот

Ѝ ставила перница врз глава со намера да ја задуши и ја удирала со тупаници, а откако помислила дека е мртва му кажала на сопругот кој ја пријавил

 

Против 28-годишна жена осомничена за обид за убиство Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка.

Осомничената на 15 август во домот на улицата „Борис Бојаџиски“ во Скопје, се обидела да ја лиши од живот бабата на својот сопруг, родена во 1938 година, со која живееле во семејна заедница.

Додека жртвата одмарала во една од собите, осомничената влегла и ја заклучила вратата. Таа седнала врз бабата и ставила перница врз нејзината глава со намера да ја задуши, при што дополнително ја удирала со тупаници по главата.

Нападот го прекинала мислејќи дека жртвата е мртва, по што му кажала на сопругот за стореното.

Сопругот веднаш ја известил полицијата, а повиканата екипа ја пренела повредената во болница, каде биле констатирани нагмечувања на главата и вилицата, како и повеќе хематоми.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничената.

Од Обвинителството велат дека постојат очигледни околности кои укажуваат на опасност таа да го повтори делото или да го доврши започнатиот обид за убиство.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top