Македонија

Со вековни обичаи и богата програма започнува Галичка свадба 2026

Младите парови ја продолжуваат една од најубавите македонски традиции

Во Галичник денеска, на Петровден, се одржува традиционалната културна манифестација Галичка свадба 2026. И годинава се очекува голем интерес од посетители од земјава и странство кои сакаат да го доживеат уникатното свадбарско чествување исполнето со автентични обичаи, носии, изворни песни и ора.

Годинашни галички младоженци се Александар Пендароски и Мартина Михајлова. Интересно е што годинава се навршуваат точно 35 години од првата современа Галичка свадба одржана во 1991 година, кога биле венчани родителите на Александар. Со нивното учество, младите продолжуваат една силна семејна традиција.

„За мене ова не е само свадба, туку продолжување на една семејна приказна и врска со Галичник која трае со генерации. Особено сум горд што токму годинава, кога се одбележуваат 35 години од свадбата на моите родители, ќе имам можност и самиот да бидам галички младоженец“, изјави Александар Пендароски.

Неговата избраничка, Мартина Михајлова, рече дека Галичка свадба е чувство кое тешко може да се опише со зборови.

„Тоа е чест, одговорност и привилегија да се биде дел од традиција која опстојува со векови. Со нетрпение и огромна возбуда ги очекуваме моментите кога заедно со нашите семејства и сите гости ќе ја почувствуваме магијата на Галичник и на уникатните свадбарски обичаи“, истакна Михајлова.

Денеска ќе се одржат централните свадбарски обичаи: „канење на мртвите“, „канење на кумот“, „бричење на зетот“, „гледање низ прстен“, „тргнување по невеста“, дарувањето и останатите ритуали. Венчавањето ќе се изврши во црквата „Св. Петар и Павле“, по што следува традиционалното испраќање на тапанџиите и зурлаџиите.

Манифестацијата започна во петокот со културно-забавна програма, а вчера се одржаа главните подготвителни обичаи како „китење на ситото“ и „замесување на сваќата“.

Организатор е Месната заедница „Галичник“, а покровител е претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Манифестацијата се пренесува во живо преку видео-екран и социјалните мрежи, за да може да ја следат и оние кои не можат физички да присуствуваат.

Организаторите апелираат до посетителите да уживаат одговорно во празничната атмосфера и да ја зачуваат чистотата на Галичник.

Најнови вести од: Македонија

Филипче е кај менторот Заев во Грција на одмор и оттаму преку пајташите во Македонија шират хистерија и страв кај граѓаните околу водата за пиење!

„Венко Филипче, преостанатиот талог од СДС, со мотор отишол на гости кај неговиот ментор Зоран Заев на одмор, а во Скопје преку активистите шири дезинформации и создава паника меѓу граѓаните.“ – објави преку фејсбук портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски.

Скопското основно обвинителство ќе го истражува загадувањето со отпад во близина на изворите Рашче!

Основното јавно обвинителство од Скопје соопшти дека оформило предмет по допрен глас, за да ги провери информациите за големо загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче.

(Видео): Орце Ѓорѓиевски се напи вода од чешма и порача дека ширењето дезинформации за ешерихија коли е терористички чин

Одговорно тврдам дека имаме една од петте најдобри води и извори во Европа. Јас не сум монструм кој ќе дозволи макар еден живот на моите сограѓани да биде загрозен. Водата од скопски водовод, освен јас, ја пие и моето семејство и моето дете. Ако имало било каков проблем, прв ќе бев кој ќе излезе во јавноста тоа да го каже, вели градоначалникот Ѓорѓиевски на вонредната прес-конференција и се напи вода од чешма.

Трети ден не се пие водата од водоводот во Свети Николе, утврдени се и микробиолошки отстапувања

Градоначалникот на Свети Николе Дејан Владев соопшти дека се пронајдени микробиолошки отстапувања во водата од водоводната мрежа, поради што се обезбедени цистерни со вода за готвење и пиење.

To top