Македонија

Собранието ги потврди двете кандидатки за Судскиот Совет предложени од Сиљановска-Давкова

За Кадриу – Шахиновиќ гласаа 63 пратеници, додека Јошевска-Анастасовска доби поддршка од 71 пратеник

Сибранието денеска ги потврди двете кандидатки за членови на Судскиот Совет предложени од Сиљановска-Давкова која лично се обрати пред законодавниот дом презентирајќи ги причините зошто ги предложила нив.

 

Вонредната професорка Арлинда Кадри Шахиновиќ и адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска денеска беа избрани за нови членки на Судскиот совет, откако Собранието ги изгласа предлозите на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

 

Во образложението пред пратениците, Сиљановска-Давкова истакна дека изборот е направен врз основа на стручноста, компетентноста и професионалниот и личниот кредибилитет на кандидатките, нагласувајќи дека реформите во правосудството мора да ги предводат докажани и препознатливи личности.

 

 

Таа подвлече дека кандидатките не се предложени поради родова припадност, туку поради нивниот квалитет и искуство, оценувајќи дека токму такви профили можат да придонесат за воспоставување јасни критериуми при изборот и одговорноста на судиите, како и за поаргументирани и поконкретни извештаи од Судскиот совет.

 

За изборот на Кадриу – Шахиновиќ гласаа 63 пратеници, 15 беа против, а еден воздржан, додека Јошевска-Анастасовска доби поддршка од 71 пратеник, со осум против и еден воздржан.

Од ДУИ јавно се изјаснија против изборот на Шахиновиќ, поради нејзиното претходно членство во Комисијата за помилување.

 

 

Новите членки доаѓаат со богати биографии, мотивациски писма и бројни препораки од истакнати академици и професионалци, што, според претседателката, дополнително ги зголемува очекувањата од нив да придонесат за враќање на довербата во Судскиот совет – институција која со години е под силни критики поради скандали и политички влијанија.

 

Адвокатката Јошевска-Анастасовска во своето јавно објавено мотивациско писмо вети професионален интегритет пред политиката и популарноста, нагласувајќи дека Судскиот совет мора да носи аргументирани и принципиелни одлуки, дури и кога тие не се популарни. Професорката Шахиновиќ, пак, достави девет препораки, меѓу кои и од академик Владо Камбовски и професорот Гордан Калајџиев.

 

Со изборот на двете нови членки се пополнуваат испразнетите места на Миљазим Мустафа и поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева.

Во Советот остануваат уште две слободни позиции, за кои, според најавите, ќе следуваат нови огласи согласно новиот Закон за Судски совет.

Во видеото од околу 1 час и 30 минути

 

 

Најнови вести од: Македонија

Влада: Не знаеме кого чекал Трендафилов во празна сала, премиерот ќе има средба со синдикатите в четврток

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, оцени дека е добро што премиерот го прифатил барањето на УПОЗ за зголемување на платите во управата и правосудството по речиси една година протести на работниците од овој сектор, но додаде оти денеска требало да се зголемат и платите на вработените во управата за 40 отсто.

Осигурителната компанија „Tриглав Осигурување АД“ со огромен раст на добивка

Триглав Осигурување АД, Скопје во претстојниот период очекува понатамошно профитабилно, безбедно и одржливо работење. Планираната премија во 2026 година изнесува 1.960 милиони денари, односно раст од околу 15 отсто во однос на 2025 година. Добивката се очекува да изнесува околу 75 милиони денари – стои во извештајот.

To top