Македонија

Собранието го донесе Законот за игри на среќа и за забавни игри – да бидат оддалечени 500 метри од училиштата

Собранието денеска во рамки на 109. седница ги донесе одлуката за измена на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Македонија, Законот за игрите на среќа и за забавните игри, а Христина Софронијоска беше избрана за нова заменичка на генералната секретарка на законодавниот дом. Законот за игрите на среќа и за забавните игри беше донесен со 60 „за“, а 20 „против“.

Заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски истакна дека подесените амандмани за законот биле внимателно разгледани од страна на Министерството за финансии, и уште нагласи што содржи законот. – Прво, дислокацијата на овие објекти за игри на среќа и забавни игри од основните и од средните училишта. Она што сметаме во моментов дека е применливо и коешто ќе даде резултати за нивна дислокација од училиштата е оддалеченоста од 500 метри, најбезбеден пат на објектот од основното или средното училиште. Понатаму, значително се ограничува рекламирањето. Светлечките реклами нема да ги има. Ќе бидат тргнати и младите нема да бидат изложени на тој, би рекол, агресивен маркетинг којшто постојано сме сведоци сите, ни се случува пред очи – рече заменик министерот за финансии.

Додаде дека единствено ќе биде дозволено во димензии, големина на реклама од 100 сантиметри на 30 сантиметри, којашто ќе биде истакната на самиот објект и каде што ќе биде само истакнат називот на тоа трговско друштво без никаква парола или некое мото коешто ќе предизвика како некој резултат за извесен финансиски успех или некој пат до личен успех доколку се влезе во тој објект. – Понатаму, исто се воведува задолжителното GPS поврзување, односно информации коишто ќе ги добива Управата за јавни приходи од самите VLT машини, апарати и така натаму, казината, и ќе има информација за тоа што се случува подетално во оваа индустрија. Исто така ќе се знае многу полесно со дигитализацијата кои се лиценцирани, а кои не се лиценцирани објекти – рече Јанкуловски.

Се врши усогласување и со Комитетот при Советот на Европа за спречување на тероризам и перење пари Moneyval. Јанкуловски рече дека доколку во имплементацијата на законот се покажат аномалии, ќе се пристапи кон негови измени. Амар Мециновиќ од Левица кажа дека тие нема да гласаат за законот бидејќи нивните амандамни не биле прифатени. Тие како што кажа тој, побарале рестрикции за рекламирање на коцкарници вклучувајќи ги и социјалните мрежи, како и ограничување на промовирање на коцкање.

За законот, кој се носеше во редовна постапка, дебатираа и други пратеници кои сметаат дека предложеното законско решение треба да се подобри. Претходно пратениците ја утврдија потребата за носење на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за испитување и жигосување, односно обележување на огненото оружје и муницијата, Предлог на закон за јавни претпријатија и трговски друштва во сопственост или со учество на Република  Македонија, давата по скратена постапка, а се дел од законите поврзани со Реформската агенда.

Попладнево Собранието одржува уште една нова седница на која на дневен ред ќе бидат измените на Изборниот законик, предложени од пратеници. Закажани се и продолженијата на уште четири други седници.


Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top