Македонија

Социологот Зенку удри по Македонците и ,,Кумани” им направи штета на ,,Балисти” и Албанците

Сите ставови искажани за македонските националисти важат и за албанските радикали

Истиот ден кога навивачите на Шкендија ,, Балисти” бараа поделба на Македонија извикувајќи Голема Албанија и Илирида Дритон Зенку кој се преставува како социолог и новинар на порталот Флака објавува анализа со наслов ,,Кога стадионот станува платформа за омраза: Генезата на расистичките скандирања во Македонија”.

 

Во анализата Зенку пишува за последниот кошаркарски натпревар во Куманово помеѓу Македонија и Романија на кој дел од навивачката група Кумани скандираа навивачка песна со антиалбанска содржина.

Социологот вели дека ова не беше прв пат и дека треба да биде последен пат, дека Куманово не е исклучок затоа што според него стадионите во Македонија – од Скопско до Битоло, од Тетово до Струмица – со години стануваат простори каде што слободно одекнува омразата кон Албанците, Ромите, Турците и другите заедници.

Зенку не ги споменува антимакедонските извици и скандирања на албанските навивачки групи кои користат не само национални туку и сексуални навреди со цел да ги навредат Македонците.

Зенку молчи за навионалистичките извици што се случија истиот ден во Скопје кога Балистите јавно побараа Велика Албанија која може да се создаде само со делови од територии на Македонија.

Тој има право за се што вели и сите негови ставови се исправни но тие ставови важат како за Балистите и за Шверцерите кој тој не ги именува така и за сите други македонски навивачки групи кој тој ги напаѓа.

Зенку (не)свесно ја објавува состојбата во албанскиот дел од македонското општество каде ,,Стадионите не се одвоени од општествената реалност – напротив, тие се нејзини засилувачи. Кога улицата зборува со гнев, стадионот завива. Кога политиката шири страв и поделба, навивачите ги претвораат во скандирања и транспаренти. Еве што се случи во Македонија: етнички поделено општество, политика која профитира од поделбите и образовен систем кој често учи на молчење наспроти омразата – а не на реакција”, вели Зенку кој во детали ја опиша ситуацијата и со албанскиот национализам.

Зенку не споменува дека за разлика од претседателката Гордана Сиљановска Давкова и премиерот Христијан Мицкоски кои веднаш го осудија национализмот на Кумани ниту еден лидер на албанските партии не го осуди шовинизмот на Балистите.

 

Кој може да му забележи на Зенку за анализата во која вели: Наместо да служи како мост меѓу заедниците, спортот честопати стана симболичен воен фронт. Наместо знамиња на еднаквост, се мавтаат слогани за етничко чистење. Наместо химни на единство, се слушаат песни што ги слават убиствата и прогонот.

Сето ова што го пишува важи и за Балистите.

 

Кога вели дека омразата е потпомогната од молчење тој зборува за Кумани но  практично ги обвинува лидерите на албанските партии кои молчат за Голема Албанија на Балистите.

Обвинува дека македонскиот дел од општеството молчи и премолчува дека  Кошаркарската федерација реагираше веднаш по скандалот во Куманово по што почна истрага во ФИБА.

Кога прашува: ,,Каде беа казните, казните, исклучувањата од натпреварите? Што е со Министерството за култура и спорт? Што е со самиот премиер, кој беше на трибините во моментот кога се слушнаа најстрашните скандирања?”, тој практично бара институциите да се справат и со Балистите.

Практично сите ставови на социологот кои се искажани за Кумани и Македонците важат и за Балистите и Албанците иако Зенку во текстот го напаѓа само македонските националисти без да ги обвини и албанските националисти за нарушување на односите во општеството.

Проценете сами дали неговите ставови се  однесуваат и на Балистите:

Сите замолкнаа. Затоа што можеби некој од оние што навиваа гласаше. Затоа што омразата, за некои, е корисна. Затоа што во оваа земја, зборот што ја осудува омразата изгледа поопасен од самата омраза.

 

Кога омразата останува неказнета, таа се повторува.

Ако еден млад човек денес научи дека може да извика „смрт за другиот“ на натпревар и да не биде казнет, утре ќе го каже тоа на улица, задутре во училиште, еден ден на работа – и можеби еден ден ќе го претвори во вистинско насилство.

 

Кога омразата останува неказнета, таа расте. Станува норма. Станува „хумор“, „патриотизам“, „традиција“. Ова е патот што го следеле многу општества пред нас. Некои завршија со војна. Други во диктатури на омраза.

 

Дали има некаков пат назад? Да, но потребна е храброст.

Враќањето назад бара јасна и јавна осуда на секое расистичко поттикнување, од политика до спорт, вистински казни за клубовите и групите што промовираат омраза, рано образование за спортот како средство за обединување и пред сè, општество кое одбива да биде толпа што навива за смртта на друг.

 

Спортот е поле за победа, а не за омраза. Тоа е трка за поени, а не за тага. Ако не го разбереме ова сега, тогаш нема да ја изгубиме само играта – туку и самата можност за коегзистенција.

 

Целата колумна на Зенку на ФЛАКА

Најнови вести од: Македонија

Пуштен во работа новиот далековод Битола-Прилеп, обезбедува стабилно снабдување со струја

АД МЕПСО – Скопје објави дека новореновираниот 110 kV далековод број 109, кој ги поврзува ТС Битола 1 и ТС Прилеп 1, е ставен под напон и започнал со пробна работа. Овој зафат опфати реконструкција на постоечката траса. Стариот 110 kV далековод, кој беше изграден пред повеќе од половина век и имаше армирано-бетонски столбови, е во целост демонтиран. На негово место е подигнат нов, со челично-решеткасти столбови. Новоизградениот енергетски вод се протега на вкупна должина од 33,5 километри и се состои од 125 челични столбови.

Уништени над 600 килограми отровна храна – вонредни контроли во рестораните, месарниците и рибарниците

На територијата на целата држава биле спроведени вкупно 423 надзори во гостилници и ресторани, како и 228 вонредни контроли кај оператори со храна од животинско потекло. Од Агенцијата додаваат дека по спроведените контроли, во пресрет на празниците, биле изречени 60 парични казни во вредност од над 33 илјади евра во денарска противвредност.

ФФМ: Сејдини под дисциплинска постапка, ќе има и ревизија на тренерските лиценци, вклучително и ПРО лиценцата на Ангеловски

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на седницата одржана денеска донесе одлука за покренување дисциплинска постапка пред Дисциплинската комисија против поранешниот претседател Муамед Сејдини.

Мицкоски: Железницата ја враќаме на шините на развојот, со вложувања во набавка на електрични локомотиви!

„Преку Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија обезбедени се пари за капитални проекти, со кои ја поставуваме железницата таму каде што и е местото – како клучна врска меѓу Балканот и Европа. Ова не се изолирани проекти. Ова е системска обнова на железничкиот сектор, инвестиција во економијата, во екологијата и во европската иднина на државата. Железницата повторно ја враќаме на шините на развојот – со план, со одговорност и со јасна визија за модерна, поврзана и силна Македонија.“ – истакна премиерот Христијан Мицкоски пред потпишувањето на Договорот за заем со ЕБОР вреден 20,9 милиони евра. со кој е предвидена набавка на електрични локомотиви за ЖРСМ Транспорт.

To top