Македонија

Софија се жали дека екс македонски премиер е прогонуван за пробугарски граѓански активности во Македонија

Бугарскиот европратеник Кристијан Вигенин во Стразбур и Брисел се пожалил дека екс македонскиот премиер Љубчо Георгиевски е прогонуван за пробугарски активности во Македонија.   Во изјава за Бугарската Телеграфска Агенција Вигенин кој е екс министер за надворешни работи изјавил дека кога Македонците побарале да се даде еден пример за прогон на повреда на човекови права […]

Бугарскиот европратеник Кристијан Вигенин во Стразбур и Брисел се пожалил дека екс македонскиот премиер Љубчо Георгиевски е прогонуван за пробугарски активности во Македонија.

 

Во изјава за Бугарската Телеграфска Агенција Вигенин кој е екс министер за надворешни работи изјавил дека кога Македонците побарале да се даде еден пример за прогон на повреда на човекови права односно прогон на Бугари од Македонија, бугарската страна го посочила екс македонскиот премиер Љубчо Георгиевски.

 

Вигенин изјавил дека екс премиерот се гони за ,,Бутафорно” односно на македонски јазик, фалшиво дело за пројава на граѓанска активност.

 

Вигенин во изјавата вели дека примерот со екс премиерот Георгиевски е доказ дека Бугарија не измислува за повреди на правата на граѓаните со бугарска свест и никој не може да каже дека Софија измислува прогон против Бугарите во Македонија.

 

Во македонската јавност нема информации за судски процес или пресуда против екс премиерот Љубчо Георгиевски за било какво дело особено не за граѓанска активност како што наведува еден од најдобрите бугарски дипломати Вигенин кој одлично ја познава состојбата во Македонија.

 

Вигенин важи за добро информиран дипломат кој во еден период пред десетина години беше и известувач за Македонија пред Европарламентот и лично се познава со екс премиерот Љубчо Георгиевски што исклучува можност да се работи за некаква грешка.

 

Екс премиерот Љубчо Георгиевски досега не открил дека дека е осуден за било какво дело.

 

За прогонот на екс премиерот за кој излегоа информации дека има бугарски пасош досега не реагирале ниту бугарското МНР ниту кабинетот на претседателот Радев.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

Клековски: Со бугарската министерка се согласивме дека случајот со Ива е правно, а не здравствено прашање

Македонскиот министер за здравство Сашо Клековски изјави дека за време на средбата со бугарската министерка за здравство во Софија била постигната премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е прашање од областа на здравството, туку од надлежност на правосудните институции.

Се разгледуваат две локации за новиот Клинички центар во Скопје – вложувања во здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево

Две локации во близина на болницата „8 Септември“ се разгледуваат за изградба на новиот клинички центар во Скопје, а преговорите за изборот на парцелата треба да завршат до крајот на годинава, најави премиерот Христијан Мицкоски. Истовремено, Владата подготвува инвестиции во три здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево, при што реализацијата на првиот проект би можела да започне во летото 2027 година.

To top