Македонија

Софија во дипломатска офанзива против македонски кандидат за судија во Стразбур

Доколку успее бугарската операција, Менкиноски нема да биде македонски судија во Стразбур

Структури поврзани со повеќе институции и политички партии во  Бугарија ја засилуваат пропагандната кампања насочена против изборот на адвокатот и активист за човекови права,  Тони Менкиноски, за судија во Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.

 

Целта на координираниот напад врз адвокатот кој има огромни заслуги за десетина пресуди против Бугарија кои предходно во Судот во Стразбур ги добиваа Македонците во  Бугарија е да се оцрни Менкиноски пред Советот на Европа и комисиите кои ќе одлучуваат за финалниот избор за македонскиот претставник во судот за човекови права.

 

Последниве дваесетина дена бугарските структури во ЕУ координирано се среќаваат или комуницираат на друг начин со луѓе кои можат да влијаат на изборот на македонскиот судија.

Менкиноски за Софија е опасен затоа што од една страна како адвокат добро ги познава приликите во Стразбур каде Македонците ги водат своите процеси во Бугарија, и други, земји.

 

Од друга страна Менкиноски има контакти и одлични релации со сегашни и поранешни комесари за човекови права и влијателни европски активисти и функционери со чија помош може да се намали огромното влијание на Бугарија во Советот на Европа.

 

Изборот на Менкиноски за судија во Стразбур е опасен за Бугарија затоа што иако тој нема да може директно да им помага на Македонците, Македонија ќе добие гарант дека кога се во прашање човековите права во органот на најстарата Европската институција тие нема да бидат дискриминирани или понижени.

 

Македонската комисија за избор на претставник на земјата во Судот во Стразбур допрва треба да избере тројца кандидати од групата кандидати кои го минаа првиот филтер.

Од тројцата кандидати кои се уште не се избрани ќе биде избран македонскиот судија во Стразбур.

Доколку успее бугарската операција, Менкиноски нема да биде македонски судија во Стразбур.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Посетители во Зоолошка му ги украле подароците за првиот роденден на мајмунот Мики

Роденденската прослава на младиот гибон Мики во скопската Зоолошка градина заврши со слика што повеќе зборува за посетителите отколку за самиот настан. Наместо симпатична вест за првиот роденден на животното, во јавноста излезе информација дека дел од подароците што биле подготвени за Мики биле украдени од посетители.

Пронајдено женско тело во распаѓање фрлено в река – Дали се работи за насилна смрт?!

Телото на жената што беше пронајдено во фаза на распаѓање во кочанското село Зрновци било обезглавено и без други делови на телото. Полицијата, пожарникарите и обвинителството денеска го пребаруваа поширокиот терен околу местото викано Ѓошевски Орев, во близина на Зрновска Река. Жената сè уште не е идентификувана.

Има услови за отворање на нови шалтери на скопскиот аеродром

Во споредба со останатите аеродроми во регионот, Николоски истакна дека процентот на раст на Скопскиот аеродром за оваа година, според реномираните списанија за авиосообраќај, ќе биде најголем во однос на останатите аеродроми во регионот. Вицепремиерот исто така најави дека веќе се размислува за зголемување на капацитетите на македонските аеродроми.

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

To top