Македонија

Советникот од Карпош на СДСМ Радослав Трошановски, повеќе нема да е член на партијата

Нов претседател на Советот на Општина Карпош е Христо Саракинов од ВМРО-ДПМНЕ. Неговиот избор беше помогнат со гласовите на по еден советник од ГРОМ и од СДСМ, Зоран Краљевски и Радослав Трошановски.

Извршниот одбор на СДСМ денеска донесе одлука да почне постапка за исклучување од членство членот на Советот на Општина Карпош, заради непочитување на одлуките и ставовите на СДСМ и работење спротивно на интересите на партијата. Се работи за советникот Радослав Трошановски кои гласаше за избор на новиот претседател на Советот на општината.

  • „Советникот гласаше за изборот на претседател на Советот во Карпош спротивно на партиските одлуки и ставови. Согласно Статутот на СДСМ, непочитување на одлуките, работење и гласање спротивно на интересите на СДСМ како и нанесување значителна штета на партијата повлекува одговорност, а тоа се однесува и на сите избрани советници. ИО на СДСМ најостро ги осудува сите притисоци, уцени и закани врз советниците во советите на општините на локално ниво од страна на ВМРО-ДПМНЕ, за што партијата ќе преземе соодветни мерки за нивна заштита“, соопшти партијата.

Нов претседател на Советот на Општина Карпош е Христо Саракинов од ВМРО-ДПМНЕ. Неговиот избор беше помогнат со гласовите на по еден советник од ГРОМ и од СДСМ, Зоран Краљевски и Радослав Трошановски

Од 27 советници во Општина Карпош, 12 се од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и еден од ЗНАМ, а по четири имаат СДСМ, Левица и коалицијата „Искуство за успех“, во која членува и партијата ГРОМ. Тројца се независни.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top