Македонија

Совет на амбасадори на РМ: ЕК да ги изземе професионалните возачи од Западниот Балкан од ЕТИАС, за да не се нарушат пазарите

Советот на амбасадори на Репубглика Македонија изразува сериозна загриженост во врска со најавената примена на ЕТИАС системот (European Travel Information and Authorisation Sistem) која веќе резултира со блокади на граничните премини во земјите од Западниот Балкан. Забавувањето на транспортот од Западниот Балкан има негативен ефект врз трговијата, инфлацијата и конкурентноста на европската економија. Професионалните возачи не се „класични“ патници, туку дел од критичната транспортна инфраструктура за функционирање на пазарите во Западниот Балкан и во Европската Унија. – порачува Советот на амбасадори.

„Иако воведувањето на ЕТИАС е легитимно од аспект на безбедносната и миграциската политика на Европската Унија, неговата примена во сегашната форма создава сериозни економски и оперативни опасности, како за Западниот Балкан, така и за земјите-членки на ЕУ. Во услови на изразена геополитичка неизвесност, нарушени глобални трговски текови и интензивирани напори за зајакнување на европските синџири на снабдување, секое дополнително административно забавување на транспортот од Западниот Балкан има повеќекратен негативен ефект врз трговијата, инфлацијата и конкурентноста на европската економија, директно погодувајќи ги бизнисите и граѓаните од двете страни. Оттука, ова прашање не е регионално, туку заедничка економска опасност за ЕУ и нејзините најблиски партнери“, соопшти Советот на амбасадори.

ЕТИАС дополнително ги зголемува веќе постојните гранични пречки – долгите чекања, недоволната дигитализација и неусогласената примена на правилата меѓу земјите-членки. Обврската за индивидуална ЕТИАС-авторизација создава дополнителна реална опасност од доцнења во испораките, прекини во синџирите на снабдување и зголемени трошоци за бизнисите, се додава во соопштението.

„Професионалните возачи не се „класични“ патници, туку дел од критичната транспортна инфраструктура за функционирање на пазарите во Западниот Балкан и во Европската Унија. Советот на амбасадори укажува дека истиот третман на транспортните работници од Западниот Балкан со оние од останати трети земји е во спротивност со официјалниот статус на Регионот како стратегиски партнер на ЕУ. Тоа е спротивно и на заложбите за олеснување на трговијата, економско доближување и постепена интеграција на Западниот Балкан во Единствениот пазар, предвидени во стратегидките документи на ЕУ за регионот, вклучително и во Планот за раст за Западниот Балкан од 2023 година“, се вели во соопштението.

Без изземања или специјален режим за транспортните работници од регионот, се додава, ЕТИАС го поткопува остварувањето на овие цели, наметнувајќи реална опасност да го продлабочи економското и регулаторното одалечување меѓу ЕУ и Западниот Балкан.

„Со оглед дека компаниите од Западниот Балкан се веќе длабоко интегрирани во европските производствени и логистички синџири, воведувањето дополнителни пречки за нив создава недоследност меѓу глобалните трговски амбиции на ЕУ и нејзиниот однос кон најблискиот економски поврзан регион, поткопувајќи ја логиката на стратешка автономија, што Унијата самата ја промовира“, соопшти Советот на амбасадори.

Предизвикот со ЕТИАС не е само правен, туку пред се оперативен и временски чувствителен, додава Советот.

„Оттука, Советот на амбасадори ја повикува Европската комисија итно да обезбеди привремено и практично решение – преку преоден период, изземања или специјален режим за професионалните возачи од Западниот Балкан – за да се спречат понатамошни блокади на граничните премини и нарушување на редовните транспортни текови, како и активно да ги вклучи ставовите на транспортниот сектор од регионот во креирањето на новата визна политика на ЕУ. Во спротивно, примената на ЕТИАС во сегашната форма носи ризик не само за економската поврзаност, туку и сериозна опасност за проширувањето, со можни долгорочни последици врз доверливоста на политиките на Унијата во Регионот, токму во момент кога е неопходно негово зајакнување“, соопшти Советот на амбасадори.

Најнови вести од: Македонија

Lidl почна изградба на маркет во Гевгелија: Инвестиција што носи раст, нови вработувања и поддршка за домашните производители

Со свечена церемонија на поставување камен-темелник, Lidl официјално ја започна изградбата
на уште еден маркет во земјава. Овој продажен објект ќе биде лоциран во Гевгелија и е прв
маркет на Lidl во оваа општина, како дел од долгорочниот инвестициски план на компанијата во
Македонија.

(Видео): Кој беше Борис Трајковски, како загина и што ни остави?!

Покрај претседателот Борис Трајковски, во авионската несреќа животите ги загубија членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот. Годишнината од трагедијата денеска се одбележува во Скопје, родниот град на поранешниот претедател, Струмица, како и во Ротимље

Најнови вести

To top