Македонија

Спиропали, шефицата на албанската дипломатија на 22-23.12.2025 во посета на Македонија: средби со државниот врв, лидерите на Вреди и ДУИ Ахмети

„За време на официјалната посета министерката за Европа и надворешни работи во Владата на Албанија Елиса Спиропали ќе ја потврди силната поддршка за европската интеграција на Македонија, нагласувајќи дека проширувањето на ЕУ останува стратегиски инструмент за мир и демократска стабилност во Југоисточна Европа. Во центарот на вниманието на средбите ќе биде и проектот Коридор 8 како стратегиски проект за енергија и безбедност, кој го поврзува Медитеранот со Црното Море.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА од Скопје.

ИНА наведува: Елиса Спиропали ќе биде примена од претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието Африм Гаши и министерот за труд и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Утре, на 22 декември во 11:30 часот Спиропали и Муцунски ќе одржат заедничка прес-конференција. Спиропали ќе има и работна вечера со вицепремиерот за добро управување и антикорупција Арбен Фетаи и вршителот на должноста министер за евроинтеграција Орхан Муртезани.

Министерката Спиропали ќе се сретне во Тетово со претседателот на ДУИ Али Ахмети, и со претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари. Таа ќе одржи и средба со претседателите на владината коалиција Вреди Изет Меџити, Билал Касами и Беким Сали. Таа ќе се сретне со претседателот на Комисијата за надворешни работи на Собранието Муса Џафери, со пратеници од сите албански политички партии и со претставниците-Албанци во локалните власти.

Спиропали ќе изнесе своја оценка за клучната улога на албанскиот чинител во Македонија во одржувањето на стабилноста и унапредувањето на евроатлантските процеси, како и за важноста на Охридскиот договор како основа за мултиетничка хармонија и општествена кохезија. Таа ќе го посети Институтот за културно и духовно наследство на Албанците во Скопје. Посетата ќе заврши со разговор во Универзитетот во Тетово.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top