Македонија

Србија е искрен партнер и пријател – Мицкоски се сретна со српскиот колега Мацут

Мицкоски истакна дека Србија е искрен партнер и пријател, со кого ја споделуваме визијата за стабилен, безбеден и просперитетен Балкан

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денес во Владата оствари средба со премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут, кој престојува во официјална посета на нашата земја, соопшти Владата.

Двајцата премиери разговараа за унапредување на билатералните односи, економската соработка и инфраструктурното поврзување. Акцент беше ставен и на трговската размена, заедничките енергетски проекти и на олеснувањето на движењето на луѓе и стоки, се вели во соопштението.

„Премиерот Мицкоски истакна дека Србија е искрен партнер и пријател, со кого ја споделуваме визијата за стабилен, безбеден и просперитетен Балкан. Премиерот Мацут изрази поддршка за реформските процеси во државата и нагласи дека Белград и Скопје ќе продолжат да соработуваат на заеднички проекти, кои се во интерес на граѓаните на двете земји. Двете страни се согласија дека продлабочувањето на пријателските врски меѓу двете држави претставува значаен придонес за регионалната стабилност и европската перспектива на Западен Балкан“, соопшти Владата.

Најнови вести од: Македонија

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

To top