Македонија

Стана кандидат за градоначалник поради трагедијата во Пулс и за малку не настрада на метална шипка (ВИДЕО)

Обвинува за небезбедни процедури а самиот влегол во многу опасна ситуација во која можеше да загине за политика

Видео кое го објави Радио Лидер покажува огромна невнимателност и нарушување на сите безбедносни процедури од страна на независниот кандидат за градоначалник на Кочани Венко Крстевски.

На видеото се гледа дека Крстевски кој стана кандидат за градоначалник поради трагедијата во дискотеката Пулс за малку самиот не настрада додека дава говор пред граѓани по првиот круг.

Додека зборува Крстевски е качен на ограда која е составена од метални шипки.

Иако мала нестабилност или пад можеше да го набиена металните шипки, за среќа тој успеа да се симне без да биде повреден.

Во обраќањето тој зборува за вториот круг каде што влегува со речиси двојно помалку гласови од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Грозданов.

Крстевски го предизвика гневот на јавноста откако два дена пред смртта на Панчо од ДНК кој беше во тешка состојба го прогласи за виновник за трагедијата во Кочани и побара да биде прогонуван од обвинителството.

Видеото на кое се гледа на колку опасна позиција стои Крстевски на ЛИНКОТ

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Пораката на Велигден нè повикува да се издигнеме духовно и да ги надминеме сите поделби

Во овие времиња на предизвици, како што вели премиерот „сите ние сме повикани да си подадеме рака, да застанеме рамо до рамо и заеднички да го градиме нашиот единствен дом – Македонија“.

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците од католичка вероисповед за Велигден

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и епарх струмичко-скопски и до сите верници од католичка вероисповед.

90 години од смртта на Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

На денешен ден, 4 април 1936 година (пред 90 години) во Тарту, Естонија почина Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

To top