Македонија

Стефановски: Македонија ќе биде првата земја во регионот, што ги исполнува условите за европски роаминг

Министерството за дигитална трансформација ги финализира активностите за усогласување со европската регулатива за воведување на моделот „Роаминг како дома“ со Европската Унија.“ – изјави денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Тој нагласи дека Македонија ќе биде првата држава во регионот, која ќе ги исполни сите критериуми, по што ќе може да влезе во преговори со Европската комисија, која ќе биде посредник пред европските телекомуникациски оператори.

Стефановски потврди дека Европската комисија пред две седмици официјално го отвори процесот за сите држави од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, со напомена дека секоја од нив ќе мора поединечно да ги исполни условите пред започнување двострани преговори. „Во овој период ЕУ веќе ги доби измените и дополнувањата на Законот за електронски комуникации, со кои што целосно се усогласуваме со барањата на ЕУ во безбедноста,  правичното користење на роамингот, на цените, на утврдување на цените прекугранично. Очекувам дека овој утврден текст, кој што ние веќе го утврдивме на Ввлада и го испративме до ЕК, по добивањето на коментарите на ЕК ќе го испратиме во Собранието и ќе го донесеме. Ќе бидеме првата држава од регионот која што ќе ги исполни условите за роаминг како дома, потоа ќе влеземе во преговарање со ЕК, таа ќе биде нашиот застапник пред европските телеком оператори и со нив ќе постигнеме договори. Очекувам дека тоа ќе се случува во 2026 но динамиката ќе зависи од ЕУ. Не сме подготвени.“ – посочи министерот Стефановски.

Најнови вести од: Македонија

Грчки „патриоти“ ја штитат и Македонија од евентуален напад од Иран

Атина ја презеде заштитата на македонскиот воздушен простор во рамките на НАТО, а на барање на Софија ја штити и Бугарија со распоредување батерија „патриоти“ на северот од земјата и со двојка ловци Ф-16

Лекарите на хартија дежураат без пауза, а за пациентите нема термин ни за лек, можно ли е?!

Министерството за здравство со строги мерки за следење на работата на здравствените работници, со цел обезбедување ефикасна работа и транспарентност. Министерот Азир Алиу најави воведување нов систем за евиденција на работното време преку отпечаток од прст и нагласи дека ќе се преземат законски мерки против институциите и директорите кои нема да ги почитуваат правилата.

To top