Македонија

Стефковски: За урбаната мафија нема место во општина Гази Баба (ВИДЕО)

Градоначалникот Бобан Стефковски, упати апел до граѓаните да не започнуваат градби без потребната документација, нагласувајќи дека законот ќе важи еднакво за сите

Акција за рушење на бесправно изграден објект во населбата Инџиково, општина Гази Баба се одвива од утрово. Градоначалникот Бобан Стефковски, на социјалните мрежи објави дека акцијата започнала во 05:00 часот, по претходна координација со МВР.

Во прашање е објект во фаза на карабина со намера да се надградува, и покрај претходните забрани од надлежните служби.

„ЗА УРБАНАТА МАФИЈА НЕМА МЕСТО ВО ГАЗИ БАБА!
⚖️ ЗАКОНОТ МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВА!
🏗️ Во Инџиково од рано утрово во тек е акција за рушење на бесправно изграден објект!
📍 Во моментот на акцијата, објектот беше во приземје – карабина фаза, со јасна намера за надградба на уште еден кат.
❌ И покрај донесеното решение од градежниот инспектор за стопирање на градбата и затворање на градилиштето, субјектот не постапил по решението и продолжил со градежни активности.
⏰ Акцијата започна во 05:00 часот наутро, со претходна координација со МВР.
❗ Компромис со почитувањето на Законот – НЕМА!
📢 Апелирам до сите граѓани:
📝 Почитувајте ги законите и не започнувајте градба без добиено Одобрение за градење.
✅ Ред, закон и еднаквост за сите!“ се вели во објавата на градоначалникот.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top