Македонија

Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ повторно го порази СДСМ

Честитки до новиот градоначалник на Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски

Искрена и голема благодарност до граѓаните на Маврово и Ростуше, кои испратија јасна, силна и недвосмислена порака дека Македонија заслужува подобар, посигурен и подостоинствен живот, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ. Честитки до новиот градоначалник на Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски..

„Граѓаните направија вистински избор. Тие избраа стабилност, развој, просперитет и конкретни проекти. Изборниот исход уште еднаш потврдува дека довербата не се добива со празни зборови и лажни ветувања, туку се гради со работа, резултати и одговорност, вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска

ВМРО-ДПМНЕ оствари убедливо најголема победа на локалните избори досега. Историски резултат кој ја потврдува силната поддршка од граѓаните ширум државата. Во таа насока, сакам да им честитам на сите избрани градоначалници во првиот и вториот круг на локалните избори 2025 година. Изборниот процес го завршуваме со освоени 56 градоначалнички места, наспроти само 6 на СДС, вели Стојаноска.

Овие изборни резултати се јасен и недвосмислен пораз за опозицијата и нивните деструктивни, неуспешни и штетни политики. Граѓаните им свртеа грб затоа што не понудија решенија, туку блокади, конфликти и стагнација. Затоа нивната политика продолжува да тоне.

СДС падна на едвај 140 илјади гласови и денес е четврта политичка сила во Македонија. Тоа е директна последица на нереформите, немањето капацитет и визија, како и на криминалот и корупцијата од кои не се оградуваат. Кланот Дубаи, наградувањето на поранешни функционери наместо нивна одговорност и целосното отсуство на морал и политичка одговорност, ја донесоа оваа партија до историски пораз.

Поразени се и ДУИ, партија која не испорача ништо ниту за Албанците, ниту за Македонците во општините каде што раководеше. Наместо развој, оставија долгови, раскопани улици, нефункционални институции и хаос. Националистичката реторика повеќе не им поминува, а реформите никогаш не ги испорачаа. Затоа им порачуваме внимателно да ги слушнат пораките што граѓаните јасно и гласно ги испратија“, рече Стојаноска.

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

To top