Македонија

Стојаноски : Растот на реалната плата е двојно поголем за една година со ВМРО-ДПМНЕ отколку за 7 години со СДСМ

Растот на реалната плата е двојно поголем за една година со ВМРО-ДПМНЕ отколку за 7 години о СДСМ, а инфлацијата е 30% помала, истакна денеска пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. – Имено во период јули 2024 до јули 2025 растот на реалната плата e 6,7%, додека во период јули 2017 до јули 2024 […]

Растот на реалната плата е двојно поголем за една година со ВМРО-ДПМНЕ отколку за 7 години о СДСМ, а инфлацијата е 30% помала, истакна денеска пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

– Имено во период јули 2024 до јули 2025 растот на реалната плата e 6,7%, додека во период јули 2017 до јули 2024 растот бил само 3,5%. Реалната плата е вистинската куповна моќ на платата, не номинален износ, туку вредностен – вели Стојаноски.

Растот на реалната плата во време на ВМРО-ДПМНЕ, додава тој, покажува неколку работи:

  1. Дека инфлацијата е намалена
  2. Дека растот на економијата е забрзан
  3. Дека потрошувачката е зголемена
  4. Дека производството расте
  5. Дека довербата во економијата е голема

– Бројките јасно покажуваат дека инфлацијата е стабилизирана и под контрола. Во период јули 2024 до јули 2025 просечната стапка на инфлација е 3,6%, додека во период од јули 2017 до јули 2024 просечната стапка на инфлацијата е 4,8%. Бројките се многу јасни. Во време на СДСМ добро им одеше само на неколкумина бизнисмени блиски до власта, кои беа главни тендераши. Во време на ВМРО-ДПМНЕ економијата оди напред, има раст и развој кој е сеопфатен и го чувствува секој граѓанин. Промените ја трансформираат Македонија. Државата оди напред – порача Стојаноски.

Најнови вести од: Македонија

ДУИ: Долгот на Општина Тетово изнесува 31 милион евра

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, го започна својот прв мандат кон крајот на 2021 година; во тоа време, тој изјави дека вкупниот долг на општината – вклучувајќи го и долгот на јавните претпријатија и училиштата – изнесувал приближно 24 милиони евра

Бронзен медал за македонскиот тим на Јуниорската Балканска олимпијада по информатика во БиХ

Вкупниот биланс на македонските ученици на меѓународните олимпијади на кои учествуваше Здружението во текот на оваа година изнесува два сребрени, десет бронзени медали и четири олимписки пофалби – остварување со кое би биле задоволни и многу поголеми држави.

To top