Македонија

Судењето против ВМРО (об) од 8-21.1936 во Софија, поради искажувањето македонска свест, дека Македонците се посебен народ, а не Бугари

На денешен ден, на 8 јули 1936 година во Софија започнал првиот судски процес во Бугарија, поради искажување македонска национална свест: судењето против раководителите и членовите на ВМРО (обединета) се одвивало од 8 до 21 јули 1936 година. Тие биле обвинети врз основа на Законот за заштита на државата дека се залагале за насилна промена на власта, но и поради нивниот цврст став дека Македонците не се дел од бугарскиот народ, туку одделна нација. Во текот на судењето обвинетите се изјаснувале како Македонци и ВМРО (обединета) ја претставиле како македонска национална и ослободителна организација. Забраната и судските процеси против организации што пројавуваат македонска национална свест не е новина во бугарското општество. Тоа го покажуваат историските документи и сведоштва.Ова се нагласува во статијата „Првиот судски процес против пројавувањето македонска национална свест“ на весникот „Нова Македонија“.

Христо Калајџиев: „Македонската нација е опасен, страшно непријатен призрак, што им ја нарушува душевната рамнотежа, на оние кои крекаат хистерично, одрекувајќи ѝ го постоењето!“

Натаму, во споменатата статија, објавена на 14 јули 2023 година, покрај другото, се истакнува: ВМРО (обединета) ја прифатила идејата за автономија, независност и обединување на Македонија во рамките на балканска федерација и тие определби ги внела во своите документи. Таа започнала и со отворено афирмирање на македонските национални особености. Суштинските принципи на ВМРО (обединета) ги објаснува и Христо Калајџиев, еден од обвинетите во судскиот процес, во статијата објавена во „Македонска мисла“, списание на Македонскиот научен институт.

Македонската нација е факт… Има луѓе, што упорно ритаат и ја одрекуваат. Тоа се великобугари, великосрби, великогрци и оние Македонци, воспитани од нив, кои беа привлечени од нивната идеологија и станаа поголеми папи од папата, поголеми Турци и од Турците… За нив македонската нација е еден опасен, страшно непријатен призрак, кој што им ја нарушува душевната рамнотежа. Тоа се истите оние кога во Бугарија се проговори за неопходноста од македонското сознание… кои при изградбата на македонското дело, закрекаа хистерично и продолжително дека тоа е најголемата ерес… Тоа се истите оние, кои што го развеаја знамето за самостојна Македонија, а во решителниот момент ја предадоа во шепите на великобугаризмот.“ – ќе посочи  Христо Калајџиев во споменатата статија.

Првпат во официјален извештај на бугарска полиција влегува формулација „Македонците не се Бугари туку одделна и самостојна нација, според идеологијата на ВМРО (обединета)

Во својот извештај од 1936 година бугарската полиција тврди дека цели на ВМРО (обединета) се промени во системот на државата и одделување делови од територијата на Царството Бугарија, односно одделување на Пиринска Македонија кон нова независна држава во централниот дел на Балканот. Во официјалниот полициски извештај е посочено дека според идеологијата на ВМРО (обединета), Македонците не се Бугари туку се одделна и самостојна нација.  Вкупно биле обвинети 19 лица, а на четворица им се судело во отсуство, односно на Димитар Влахов, Методија Шаторов-Шарло, Васил Ивановски и Владимир Поп Томов. Од оние 15, што биле во судницата, само еден бил роден во Бугарија, девет се изјасниле како Македонци, а пет како Бугари. Меѓу обвинетите биле и Асен Чаракчиев, Христо Калајџиев, Александар Мартулков, Мара Димитрова Петрова, Јордан Анастасов и др. 

Судењето официјално започнало на 8 јули 1936 година и се одвивало во Судската палата во Софија. Обвинетите ангажирале неколку адвокати. Сите обвинети се изјаснувале како невини, дека го бранеле македонскиот народноослободителен карактер на ВМРО (обединета). Во текот на судењето, обвинетиот Асен Чаракчиев ја претставил идеологијата на ВМРО (обединета) и јавно го искажал ставот за неопходноста за одвојување на Пиринска Македонија од Бугарија и постоењето македонска нација. Врз основа на истрагата и доказите, бугарскиот суд ја окарактеризирал ВМРО (обединета) како организација, која има цел преку насилни методи да го промени државното уредување и да му наштети на територијалниот интегритет на Бугарија. На 21 јули Димитар Влахов и Владимир Поп Томов биле осудени во отсуство на 12 и пол години затвор, а другите на пет години затвор и парична казна од 50 илјади лева.

Која е ВМРО (обединета)?

 ВМРО (обединета) е македонска револуционерна организација што се стремела да прерасне во масовно народно движење за извојување слободна и независна Македонија во рамките на нејзините географски и економски граници и нејзино конституирање во самостојна политичка единица, што ќе влезе како рамноправен член на идната балканска федерација. Нејзини најистакнати дејци биле: Панко Брашнаров, Димитар Влахов, Симеон Кавракиров, Владимир Поп Томов, Андреја Чипов, Методија Шаторов-Шарло и др. При основањето бил избран Централен комитет со седиште во Виена. Нејзин орган бил весникот „Македонско дело“. За трите дела на Македонија биле создадени одделни комитети на чело со секретар. Подоцна седиштето на ЦК на ВМРО (обединета) било пренесено во Берлин.

Настанала голема провала во Велес, Куманово, Скопје и во Штип (1928-1929): биле уапсени 113 нејзини членови, меѓу кои и членот на ЦК, Панко Брашнаров. По испраќањето на робија на дел од осудените, во наредната година престанала дејноста на Организацијата во вардарскиот дел на Македонија. Во пиринскиот дел, нејзината активност постепено замира по провалата во 1935 година и судскиот процес од 1936 година, пишува весникот „Нова Македонија“.

 

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Битола во силен развоен циклус – инвестиции, инфраструктура и проекти што го менуваат градот, рече Коњановски

Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови, рече Коњановски.

Се очекуваат 50 илјади лица на утрешниот концерт на Дејвид Гета по повод 35 години независност на Македонија!

Вратите на Градскиот стадион ќе се отворат утре во 17 часот. Претставници од Министерството за внатрешни работи и Авалон продукција денеска на прес-конференција апелираа до граѓаните да пристигнат навремено, да ги почитуваат насоките од полициските службеници.

„Дали ти изгледам како идиот?!“ – сопственикот на „Авалон“ кон новинарка, која праша колку ќе чини концертот на Дејвид Гета

Дали ти изгледам јас како идиот? Вака сопственикот на „Авалон продукција“ Бобан Милошески, ѝ се обрати на новинарка, која на денешната прес-конференција го праша зошто досега не е објавено во јавноста колку ќе чини настапот на Дејвид Гета. Ова го објави порталот „360 степени“

Во основните училишта во Гази Баба државна химна пред наставата секој понеделник – Стефковски: Македонија е сѐ што имаме!

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски преку својот профил на Фејсбук ја образложи одлуката за воведување на оваа практика во училишните клупи.

Кузманоска: Во следните години Македонија треба да врати долг од околу 8 милијарди евра, направен од власта на СДС и ДУИ, а не се знае за што ги потрошија!

„Кога СДС зборува за задолжувањето мора да се потсетиме на многу важен факт: во следните неколку години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра, земени кога беа на власт СДС и ДУИ. Не се создадени вчера долговите, што треба да ги враќа Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, денес и во следните години.“ – нагласи Билјана Кузманоска, пратеничка од ВМРО ДПМНЕ во денешното обраќање кон јавноста. 

To top