Македонија

Судир меѓу Али Ахмети и Албин Курти и партијата Ветвендосје, кои го нападнаа дека „ја користи УЧК заради политика“!

По одржувањето на протестниот митинг во Тирана за раководителите на Косовската УЧК, на кои им се суди во Специјалниот суд во Хаг, избија нови „искричења“ и конфронтации меѓу лидерот на ДУИ Али Ахмети и лидерот на косовската партија Ветвендосје, кои, ионака од поодамна не се во добри односи, односи, што веќе задобиваат димензии на отворен политички судир.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека „не е добро“ неприсуството на лидерот на на косовската партија Ветвендосје (Самоопределување) и косовски премиер Албин Курти, како и на лидерот на Демократската партија на Албанија Сали Бериша на одржаниот протестен митинг во Тирана за раководителите на косовската УЧК. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Инфошќип“ од Скопје.

Но нему веднаш денес му стаса и реакција од Курти и неговата партија, кои го нападнаа Али Ахмети дека „ја користи УЧК за политика“, со дополнување во реакцијата дека „Ветвендосје стои до правдата“. Острата реакција од Приштина на адреса на шефот на „интегративците“ од тетовска Мала Речица го пренесе информативниот портал на албански јазик „Фол“.

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Најнови вести

To top