Македонија

Судски дуел околу милионски ДДВ – Крмзов зборува за „конструкција“, обвинителството за злоупотреби

Првообвинетиот бизнисмен со воведен збор до судот

Обвинението е конструкција, сценарио кое ја извртува вистината, а целта е дискредитација на мојата личност и углед кој сум го градел 35 години, рече пред судот струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов кој е обвинет за перење пари и нелегален поврат на данок на додадена вредност и направена штета од десетици милиони евра.

Крмзов тврди дека трети лица сакаат да му го преземат имотот, и вели дека неговите фирми не биле отворени за фиктивни работи, туку за конкретна дејност – една се бавела со текстил, друга градела станови, а трета била сопственик на градежни парцели за трговски центар и магацин.

„Штетата што ми ја направија е голема, имот завршува кај други лица, а за тоа обвинителството ќе ја сноси штетата, го разграбуваат имотот по нереални цени, ОЈО е директен соучесник во штетата. Нема целосно вештачење, истото е врз основа на несоодветна документација, не се земени предвид нашите поднесоци. Си ваделе тоа што им одговарало, по нови записници од УЈП од каде излегува дека има двојно оданочување – што е апсурд“ рече обвинетиот Крмзов во воведниот збор.

Крмзов и одбраната тврдат дека данокот на добивка од осум милиони евра е подмирен кон државата, но и дека фимите си ги исполнувале сите обврски кон банките и доверителите. За нив спорно е што е обвинението е само за ДДВ, а не и за другите даноци.

„Зошто Обвинителството ги изоставува данокот на добивка, данокот на личен доход? Дали сака да му помогне на обвинетиот? Значи и тоа е тој парадоксален прашалник кој цело време го поставуваме. Или генерално кажано, тезата на ова обвинение на Обвинителството е да ниту една фирма градежна не може да продава стан во градба со предбележба, туку откога ќе се стекне со имотен лист, дури тогаш ќе го прифателе договорот“ рече Ване Андреев – Адвокат на Крмзов.

Кога ниту правото ниту фактите не се на ваша страна се удира по масата, одговори обвинителката Верица Берџетска Крстева. Таа вели дека обвинителството во ниту еден момент не го стопирало работењето на фирмите, а  одземените документи кои се проверувале, веднаш им биле вратени.

„Таквите напади, како конструирани сценарија и раскрчмување на имот воопшто не држат. Сѐ ќе биде поткрепено со материјални и вербални докази, а секако и со вештачењето…Ќе бидат презентирани и докази и-и дека во претстражната постапка воопшто не било стопирано работењето на фирмите, беа само одземени списи кои им беа веднаш вратени и мислам во електронска форма за да се продолжи, со работењето на фирмите“ рече Верица Берџетска Крстева – Обвинител од ОЈО за ГОКК.

Во однос на обвинувањата на Крмзов за распродажба на неговиот имот, обвинителката вели дека за имотот кој бил замрзнат се постапува во Законот за извршување.

Според обвинението, по основ на фиктивни договори за купопродажба на имот во периодот меѓу 2019 и 2024 година, фирмите на Крмзов прикажале повисок влезен данок за 67 милиони евра, а УЈП исплатило незаконски поврат на ДДВ во висина од околу 22 милиони евра. Освен Крмзов обвинети се уште деветмина други лица, како и 13 фирми.

Најнови вести од: Македонија

Филипче и Заеви си ја обновија лиценцата за бизнисот со струја

Регулаторната комисија за енергетика денеска објави дека, постапувајќи по барање на фирмата ФОС ИМЕРАС, извршила усогласување на правата и обврските утврдени во лиценцата за вршење на енергетската дејност производство на електрична енергија со Законот за енергетика.

Мицкоски на средба со раководството на Дојче Телеком: Дигиталната преобразба и технолошкиот развој – стратегиски приоритети на Владата на Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска заедно со владина делегација во состав на министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски како и директорот на ТИРЗ Гоце Димовски, остварија работна средба со Тимотеус Хетгес, главен извршен директор на Дојче Телеком и Доминик Лерој, Член на Управниот одбор на Дојче Телеком, ГИД за Европа.

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

Најнови вести

To top