Македонија

Таравари: Меџити е пензионер од ДУИ кој вози под дејство на алкохол

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, денес му одговори на Изет Меџити, во врска со коментари за излегувањето на АА од владата. Таравари го опишува Меџити како пензионер кој вози под дејство на алкохол и дека е заслепен од моќта. „За ветеран, пензионер на ДУИ кој ја напушти само поради судир на интереси и […]

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, денес му одговори на Изет Меџити, во врска со коментари за излегувањето на АА од владата.

Таравари го опишува Меџити како пензионер кој вози под дејство на алкохол и дека е заслепен од моќта.

„За ветеран, пензионер на ДУИ кој ја напушти само поради судир на интереси и кој набрзо беше заслепен од моќта на власта, да зборува за промени е исто толку апсурдно колку што е и смешно.“

„Да одам со тебе значи да бидам парализиран“, пишува Таравари.

Синоќа, Меџити ја критикуваше одлуката на Таравари да ја напушти владата и ја нарече оваа акција пречка за промени. Телеграфи

Жестока реакција на Меџити кон Таравари: Ти не ја напушти владата, туку ја предаде! Не се враќаш кај народот, туку кај „црната листа“!

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

(Фото): Како ќе изгледа и кога ќе биде готова Универзална сала?!

Објектот беше значително оштетен во пожарот што избувна на 9 април 2024 година, само по еден месец откако, по пауза од две години, продолжија градежните работи за негова реконструкција. Од пожарот беше зафатена старата конструкција. Веднаш по пожарот, од градежната фирма посочија дека, најверојатно, се запалил стар кабел или некоја стара инсталација.

„ТАВ Македонија“ втора година по ред добитник на сертификатот Great Place To Work®

Компанијата Great Place To Work® е глобален авторитет за културата на работното место, којашто има 30 годишно искуство со револуционерни истражувања и податоци со кои им помага на многу компании да станат одлично место за работа за сите. Се фокусира на присуството на вработените и на лидерското однесување и докажано е дека обезбедува водечки приходи во пазарни услови, задржување на вработените и робустни иновации.

To top