Македонија

Ташев: Убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ го покажува целосното исцрпување на ресурсите на СДСМ

Бугарскиот историчар и демограф од БАН смета дека политиката на Мицкоски во моментов нема алтернатива во Македонија

Бугарскиот историчар Спас Ташев за приватната БТВ ги прокоментира резултатите од првиот круг на локалните избори во Македонија.

„Во моментов политиката на Мицкоски е без алтернатива“, изјави тој. „Самиот факт дека во времето на Заев и на Ковачевски се одржаа избори, кои ги загуби СДСМ, покажува дека оваа партија ги исцрпила своите ресурси. Опозицијата освои само пет-шест рурални општини. Победата на ВМРО-ДПМНЕ е огромна“.

Според експертот по демографија во Бугарската академија на науките (БАН), очекувањата дека ВМРО-ДПМНЕ ќе направи отстапки кон Бугарија по победата се нереални. Напротив, смета тој, резултатите ќе бидат искористени за зацврстување на ставот против вклучувањето на Бугарите во Уставот.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top