Македонија

„Тетова сот“: Пратеникот Демири ја напушта АА на Села, заради создавање „координиран опозициски блок“ во Собранието и „посилна рамнотежа кон владата“

Поранешниот министер за здравство Илир Демири ќе дејствува како „независен пратеник“ во Собранието на Македонија, или остварува политички маневар, диктиран од ДУИ и Али Ахмети, да се „зголемела политичката и институционалната тежина на опозицијата“ во законодавниот дом, поправо со прикриена цел да им се фрли „појас за спасување“ на Али Ахмети и неговите „интегративци“ во обид да го одбегнат натамошното политичко тонење кон дното?!

„Илир Демири, пратеник во Собранието од крилото на Алијансата за Албанците на Зијадин Села, денес потврди дека ќе продолжи да дејствува како независен пратеник во Собранието. Според него, целта на овој чекор е да се отвори патот за пофункционална реорганизација на албанската опозиција во земјата.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“.

Порталот натаму наведува: „Извори од Собранието известуваат дека Демири официјално ја доставил документацијата за напуштање на пратеничката група и оти неговата иницијатива има за цел да создаде координиран опозициски блок. Според доставениот документ и парламентарните извори, се очекува на иницијативата да ѝ се придружат и други членови на албанската опозиција, кои го гледаат овој процес како можност за зголемување на политичката и институционалната тежина на опозицијата.“

„Овој потег се смета како движење со потенцијал да внесе нова динамика на политичката сцена и да создаде посилна рамнотежа кон сегашната влада. Во наредните денови се очекуваат и други случувања, вклучувајќи изјави и можни одлуки од пратениците за кои се очекува да се приклучат на овој процес.“ – тврди „Тетова сот“ во својата информација.

Најнови вести од: Македонија

#НетБезХејт: Децата ко-креираат побезбедна дигитална средина во Македонија

Деца и адолесценти денес беа во центарот на вниманието на настан посветен на врсничко застапување против сајбер-насилството и говорот на омраза на интернет, организиран од УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија, во соработка со Сојузот на извидници на Македонија.

Продолжува кравјата криза во Крива Паланка: Русокосата газдарица ги попречува инспекторите да ги одземат кравите (ВИДЕО)

Денеска акцијата на инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство, со асистенција на полицијата, за прибирање на слободно движните крави ескалираше во тензична ситуација.

Пратениците дадоа „зелено светло“ за намалување на функционерските плати, нема да се зголемат за 200 евра

Пратениците дадоа светло по скратена постапка да се носат пакетот законски измени за пресметка на платите на избрани и именувани лица, поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Но, Здружението на обвинители и судиите бараат од народните избраници да се повлече од дневен ред законската корекција со која се предлага измена на коефициентите.

To top