Македонија

Тетово избира нови имиња за 60 улици

Улици во Тетово ќе добијат имиња по Исмаил Кадаре, Миѓен, Беким Фехмиу, но и имиња на личности од македонскиот историја и култура како Крсте Петков Мисирков, режисерот Бранко Гапо и скулпторката Борка Аврамова

Тетово избира нови имиња на улици, списокот вклучува над 60 албански, македонски и меѓународни личности

По 165 дена без состанок, Комисијата за именување на улици во Тетово вчера го одржа својот прв состанок, каде што беа избрани над 60 имиња за тетовските улици.

Според претседателот на комисијата, имињата на улиците во Тетово ќе ја покажат етничката реалност, додека избраните имиња се на личности кои придонеле за албанската и Mакедонската нација, како и меѓународни имиња.

„Улиците на Тетово треба да го одразуваат целосниот идентитет на градот, неговата историја, култура и мултиетнички карактер. Тие содржат големи личности од албанската историја и нација, како што се Ѓерѓ Кастриоти Скендербег, Наими, Самиу, Абдил Фрашери, Гонџе Бојаџиу – Мајка Тереза, итн.

Вклучени се и личности кои оставиле неизбришливи траги во културниот, образовниот и спортскиот живот на Тетово, како што се Мурат Исаку и Абдилазиз Ислами, диригентот Бани Јаја, фудбалерот Хачим Мемети.

Вклучивме и најголемите имиња на албанската култура: Исмаил Кадаре, Миѓен, Беким Фехмиу.

Исто така, улиците каде што живеат нашите македонски сограѓани повеќе нема да носат југословенски имиња, туку имиња на личности од македонскиот историја и култура, како што се Крсте Петков Мисирков, режисерот Бранко Гапо и скулпторката Борка Аврамова, итн.“.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top