Македонија

Тетово лидер по бројот на одземени возила од стартот на „Безбеден град“

На територијата на СВР Тетово од 1 до 16 февруати се запленети 14 возила од вкупно 90 низ целата држава

Со 14 одземени возила од почетокот на функционирањето на системот „Безбеден град“ во полн капацитет, територијата на Секторот за внатрешни работи Тетово е водечки меѓу осумте регионални полициски управи во Македонија.

Во периодот од 1 до 16 февруари, по налог на јавниот обвинител, 13 возила се одземени на територијата на СВР Велес, 12 на СВР Битола, по 11 во СВР Струмица и во СВР Куманово.

За малку повеќе од две недели полицијата заплени вкупно 90 возила низ целата земја, а најчеста причина е возењето без возачка дозвола, за што се смета кога возачот никогаш не полагал испит, кога му е трајно одземена дозволата или кога вози додека има привремена забрана.

Возилата се чуваат во полициски станици, а понатамошните постапки се во надлежност на Обвинителството и на судовите, објаснуваат од Министерството за внатрешни работи.

Најновите податоци покажуваат дека минатата недела имало намалување на бројот на сообраќајни прекршоци евидентирани од системот „Безбеден град“.

 

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ширеше паника за мигранти, но реалноста го демантира

СДСМ на чело со Филипче и Заев имаат една единствена стратегија а тоа се ширење лаги, паника и манипулации со цел да се дефокусира јавноста од неуспесите на партијата и политичкиот хаос во кој се наоѓаат

Утре уште една евакуација на македонски државјани од Блискиот Исток

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) синоќа ги информираше македонските државјани во Бахреин дека утре в (среда) ќе поаѓа автобус од Бахреин за Ријад, од каде со специјален лет ќе се вратат во земјава

To top