Македонија

„Тиквеш“повторно беше инспирација за поетите учесници на Струшките вечери на поезијата

Во чест на 140-годишниот јубилеј

Винарската визба „Тиквеш“- најголемата и најнаградувана винарница од регионот во глобални рамки, која годинава прославува 140 години постоење, традиционално беше домаќин на најреномираните светски и домашни поети кои учествуваа на годинешното 64-то издание на Струшките вечери на поезијата (СВП). Посетата на поетите и лауреатот на СВП на „Тиквеш“ е пригоден настан кој се одржува секоја година во рамките на Струшките вечери на поезијата, како резултат на долгогодишното партнерството и поддршката на компанијата на оваа манифестација. Покрај традиционалното поетско читање, учесниците на СВП имаа прилика да уживаат и во вкусот на врвните вина на компанијата, кои беа инспирација за создавање оригинални стихови посветени на виното што поетите имаа прилика да ги напишат на етикетите од посебна едиција од вината „Луда Мара“ на „Тиквеш“.


„За нас во ‚Тиквеш’ е огромна чест што сме поддржувачи на еден од најзначајните културни настани во земјава. Виното и поезијата имаат заедничка нота – и двете се создаваат со љубов, инспирација и страст. Ние сме посебно горди што нашите вина се составен дел од Струшките вечери на поезијата. Веруваме дека културата и уметноста се темелите врз кои опстојува едно општество, а нашата поддршка е израз на долгогодишната посветеност кон вредностите кои нè поврзуваат“, велат од „Тиквеш“.

Педесетина поети, критичари и други литературни дејци од земјава и од странство, уживаа во звуците на поезијата и читањето на стиховите на поетското матине организирано во винарницата во Кавадарци. Особен интерес предизвика годинешниов лауреат на СВП, Иван Штрпка, истакнат словачки поет, раскажувач, есеист и преведувач, кој наградата ја освои за неговото животно дело во поезијата, поради својата длабока и оригинална лирика, полна со сетилност, нежност и нијанси, како што академик Катица Ќулавкова ја оквалификува неговата поезија. Секако, беше задоволство да се слушнат и стиховите на домашните и поетите од регионот, како и на оние кои допатуваа од Франција, Турција, Кина, Шпанија, Ирска и други држави.

Гостите имаа прилика да се запознаат со долгата и богата винска историја на регионот, како и да ја разгледаат винарницата, каде што им беше доловена магијата на создавањето на врвните вина и технологијата на производниот процес на винските брендови на „Тиквеш“.

Она што му даде посебен печат на овој  поетски ден, насловен како „Поезија на пат“, беше презентацијата на антологијата „Дионис и свети Трифун“, одлична панорама на македонската винска поезија објавена од Струшките вечери на поезијата, токму во чест на одбележувањето на 140-годишниот јубилеј од постоењето на „Тиквеш“. Приредувач на оваа антологија е истакнатиот македонски поет и есеист Славе Ѓорѓо Димоски, кој ја именувал како македонска винска поезија, со оглед на големиот број песни посветени на лозата, лозјето, виното и задоволствата од пиењето вино. Станува збор за прво видување на оваа тема во македонската литература воопшто.

Вреди да се спомене дека еден од најпознатите македонски вински брендови – виното „Т’га за југ“, е создаден во чест на фестивалот Струшки вечери на поезијата. Ова квалитетно црвено вино на „Тиквеш“ од сортата вранец, го добило своето име во далечната 1973 година, од поетите кои ова вино со својот вкус, боја и арома ги асоцирало на Македонија и емоциите и топлината на луѓето и земјата.

Со оваа соработка, винарската визба „Тиквеш“ уште еднаш ја потврди својата улога како мост меѓу традицијата, културата и уметноста, прославувајќи 140 години винска историја.

Најнови вести од: Македонија

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и С.Македонија, обете на распоредот на фон дер Лајен, заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Урсула Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина.

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

Политико: ЕУ ќе им понуди пристап до единствениот пазар на земјите-кандидатки

Економските придобивки би биле условени и можат да се одземат ако земјите-нечленки се откажат од демократијата или споделуваат чувствителна технологија со непријателски настроени влади, се вели во планот

Професионалните возачи не се туристи!

Дури 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Нелогично е возачите што ја опслужуваат европската индустрија да подлежат на истите шенгенски ограничувања од 90 дена како и туристите“, вели Даниел Матракоски, координатор за меѓународна соработка во Комората

Најнови вести

To top