Македонија

Томче со спасоносна идеја за спас на Тетово

Тетово заслужуе да се препознава по култура, историја и цивилизациско наследство, а не само по политички расправии

Томислав Томче Бојаџиески со спасоносна идеја за спас на Тетово каде се разви дебата за имињата на улици и градскиот плоштад.

❤️❤️❤️”До Тетовчани без разлика на јазик вера нација прочитај размисли па лајкни и сподели”❤️❤️❤️

Предлог ете ги тагирам советниците од Тетово од ВМРО ДПМНЕ -Ангел Карапетров Branislav Svetozarevikj од ЛЕВИЦА – Bobi Ilievski а од СДСМ Жика Алексовски не можем да го тагирам (после пратено барање за фб другарче иљ не видел иљ ме нејќе)

Би ги тагирал и Албанските советници ама стварно не знам кој се.

А Градоначалникот Биљаљ не можем ме блокна .🙃

🫴🫴🫴

Што ми е муабетов?

А што викате, драги советници, културно и достоинствено, уз едно кафенце, да им предложите на сите албански политички партије у Тетово плоштадот да се вика Менада, а улицата Маршал Тито да се преименуе у улица Менада?

Убоо да им се објасни дека Менада не е ни македонски, ни албански, ни турски национален симбол.

Менада е бренд на Тетово.

Археолошко богатство шо го претставуе градот многу подалеку од дневната политика и партиските поделбе.

За разлика од многу имиња околу кои народот се кара, Менада никому не му смета.

Не дели, туку обединуе.

Таа е дел од историјата на Тетово и им припаѓа на сите тетовци без разлика како се викаат и на кој јазик зборуваат.

И тамам на плоштадот да се постави една убава фигура од Менада, у некоја договорена величина, да стане препознатлив симбол на градот.

Кога ќе дојде некој гостин у Тетово, наместо да слуша кој со кого се карал за име на улица, да види нешто по кое градот ќе биде препознатлив.

Ако веќе бараме симбол шо ќе ги надживее политичарите, изборите и партиските препукувања, тогаш Менада е многу подобар избор од било кое име шо утре пак ќе биде причина за нова кавга.

Политичарите доаѓаат и си одат.

Менада останува.

А и Тетово заслужуе да се препознава по култура, историја и цивилизациско наследство, а не само по политички расправии.

🫱КОЈ Е ЗА СТАВАЈ СРЦЕ И СПОДЕЛИ ГО НА ТВОЈОТ ПРОФИЛ А КОГА ЌЕ ГИ ВИДИТЕ ПОГОРЕ СПОМЕНАТИТЕ СОВЕТНИЦИ ПО УЛИЦА АКО СЕ СЛОЖУЕТЕ КАЖИТЕ ИМ !!!”, пишува Бојаџиески во постот.

Бојаџиевски во објавата моли сите да се воздржат од коментари со навредлива, вулгарна или говор на омраза содржина. Дозволена е аргументирана дискусија и различно мислење, но со меѓусебна почит и културен однос кон сите учесници во дебатата.

Томислав Томче Бојаџиески е македонски автор на кратки приказни, по потекло од Тетово, кој денес живее и твори во Канада. Тој е препознатлив по своите носталгични, авантуристички и емотивни текстови кои ги споделува со македонската дијаспора и јавноста.

Најнови вести од: Македонија

Млади луѓе со години чекаат трансплантација на срце

Дарко и Васко бараат шанса за живот, која може да се роди во најтешкиот момент за едно семејство – со одлуката да донира органи и да спаси други животи. За десетиците пациенти кои чекаат трансплантација, органодарителството е единствената надеж.

Почина 72-годишен скопјанец од западнонилска треска в болница

Седумдесет и двегодишен скопјанец почина по компликации од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана. Пациентот бил со тешка клиничка слика на менингоенцефалитис, а уште при приемот во болница бил во тешка општа состојба.

(Видео): Со синовите бевме на научнообразовна екскурзија во Белгија, рече премиерот за еднонеделното патување

„Јас не сум љубител на големи годишни одмори со солена вода, со песочни плажи итн. и си рековме – екскурзијата да ја прошириме и тоа да биде научнообразовна екскурзија во Белгија“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Пронајдени вооружени луѓе во строго-заштитено подрачје на Пелистер

Ренџерската служба на Националниот парк „Пелистер“, во соработка со СВР Битола, спровела повеќечасовна акција за пронаоѓање лица вооружени со огнено оружје, кои навлегле длабоко во територијата на паркот.

To top