Македонија

Тошковски: 23 нови мотоцикли и опрема за сообраќајната полиција

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), Горан Ангеловски, денес присуствуваа на примопредавање на опрема од РСБСП за МВР.

facebook.com/PancheToshkovski

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), Горан Ангеловски, денес присуствуваа на примопредавање на опрема од РСБСП за МВР. Донираната опрема вклучува 23 мотоцикли „Piggio“ со зафатнина од 310 cm³, во полициска изведба, и 23 комплети возачка опрема, составена од одела, кациги, ракавици и чизми.

„Овој настан ја нагласува успешната соработка меѓу МВР и РСБСП, која придонесува за зголемување на безбедноста на патиштата. Заедничкиот ангажман и координацијата меѓу институциите даваат конкретни резултати за граѓаните“, изјави министерот Тошковски.

„Како дел од активностите за модернизација и унапредување на сообраќајната безбедност, РСБСП обезбеди 23 мотоцикли и комплетна возачка опрема во вредност од 11.950.027 денари. Оваа донација значително ги зајакнува капацитетите на МВР за контрола и регулирање на сообраќајот, потврдувајќи ја важноста на меѓуинституционалната соработка“, нагласи Ангеловски.

Тошковски и Ангеловски се согласија дека соработката меѓу МВР и РСБСП ќе продолжи на високо професионално ниво, со заеднички приоритет – унапредување на безбедноста во сообраќајот.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top