Македонија

Тошковски демантира дека била украдена камера од „Безбеден град“ во Сарај

Многу портали, Фејсбук и Инстаграм страници со лажни факти се обидуваат да привлечат внимание од различни интереси –

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, ги демантирапе шпекулациите што се појавија на социјалните мрежи дека наводно, кмерата од проектот „Безбеден град“ поставена во општина Сарај била украдена.

„Не, не е украдена. За жал, има многу портали, Фејсбук и Инстаграм страници кои со лажни факти се обидуваат да привлечат внимание од различни интереси – политички, бизнис или други“ – рече Тошковски на заедничката прес-конференција со министерот за здравство Азир Алиу.

Тој нагласи дека проектот „Безбеден град“ има силна поддршка од граѓаните и дека МВР ќе продолжи со неговата имплементација како дел од европските стандарди за безбедност.

„Во тест периодот видовме дека и само со опомени, без казни, граѓаните придонесуваат за спасување човечки животи. Во 2024 година на територија на СВР Скопје имавме пет жртви во сообраќајни несреќи, а во декември 2025 година немавме ниту едно починато лице. Тоа е заслуга на граѓаните кои решија да го забават управувањето со возилата“,  истакна министерот.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top