Македонија

Тошковски: И со 40 забрани – продолжуваат да возат (ВИДЕО)

„Имаме 677 лица со четири забрани, 291 со пет забрани, а имаме и рекордери – двајца возачи кои имаат по дури 40 изречени забрани за управување моторно возило“ , соопшти министерот

Околу 500 прекршоци се регистрирани од системот „Безбеден град“ на вториот ден од официјалниот почеток на функционирањето , соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во синоќеш=ното гостување во „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа.

Министрот рече дека бројот на казни во понеделник како работен ден бил ист како и во неделата.

„Денес, до 20 часот, можам да кажам дека фактичката сосотојба е иста  Имаме 508 прекршооци на ниво на Скопје, Куманово, Тетово и коридорите 8 и 10. Од тие 454 се за брзо возење, 42 се за црвено светло, 12 се нерегистрирани“, рече министерот.

Тошковски е задоволен од, според него, малиот број на казни и очекува дека тие ќе останат исти за целиот 24-часовен период.

Според статистиката на МВР, за последните четири години, најголемиот дел од прекршителите, односно 55 405 граѓани, имаат по една изречена забрана.

Тошковски вели дека тоа се оние граѓани на кои секогаш може да им се случи да сторат прекршок.

Со два прекршока Тошковски вели дека се 7.987 возачи, додека по три правосилни пресуди за забрана за управување возило имаат 1 863 возачи.

„Имаме 677 лица со четири забрани, 291 со пет забрани, а имаме и рекордери – двајца возачи кои имаат по дури 40 изречени забрани за управување моторно возило“ , соопшти министерот.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top