Македонија

Тошковски: Можело да се работи и поинаку во Македонија

За трагедијата во Кочани моментно се постапува по над 50 осомничени. Истрагата не е завршена, сè уште трае, а обвинителите покажаа дека навистина можело да се работи и поинаку во Македонија, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тошковски е дециден дека против секој еден за кој има докази е поднесена пријава од страна […]

За трагедијата во Кочани моментно се постапува по над 50 осомничени. Истрагата не е завршена, сè уште трае, а обвинителите покажаа дека навистина можело да се работи и поинаку во Македонија, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тошковски е дециден дека против секој еден за кој има докази е поднесена пријава од страна на МВР, како и дека ќе биде соодветно процесуиран секој за кој ќе се најде доказ дека е причинско-последично поврзан со предметниот кривично-правен настан од аспект на исполнување елементи на конкретно кривично дело.

Според него, и МВР не е поштедено од истрагата која го опфаќа периодот од 2012 година до денес.

Моментно сме во фаза на истрага, истрагата ја води јавниот обвинител. Вчера имавме детално информирање во рамки на факти и околности кои можеа да бидат споделени со јавноста. Истрагата не е завршена. Ние не можеме Обвинителството и МВР да ги претвориме во „преки суд“ зашто некои политички недобронамерници сакаат на гневот на македонскиот народ кој самите го предизвикале уште толку повеќе да го искористат во насока на крадење, манипулирање и стекнување со политички поени. Тоа нема никогаш да го дозволам како министер. Јас работам во интерес на граѓаните и до сега од сработеното на јавните обвинители гледам посветеност, гледам како 11 обвинители се фокусирани на целосно расчистување на овој случај, заедно со истражителските тимови на МВР, нешто што во минатото било незамислива именка, истакна Тошковски, одговорајќи на новинарски прашања по одбележувањето на Денот на Царината.

Тој подвлече дека никој нема да биде толериран.

Не само во минатото, туку и сега ќе се постапи. Гледате, првпат во Македонија има факти кои за разлика од претходно говорат сами по себе дека ова МВР поинаку работи од претходно. Кажете ми друг пример кога МВР „ин флагранти“ фатило врховен судија или постапувало против активно обезбедување на највисоки функционери во државата или активен министер на моментална Влада по насоки, координација и по наредна на ЈО. Амнезија имаше во минатото кога за несреќи во кои загинаа 75 луѓе МВР не поднесе ниту една кривична пријава против ниту едно осомничено лице. Амнестија тогаш имаше, сега не можам да се согласам дека има зашто МВР има поднесено во континуитет три кривични пријави ако не и четири и се постапува моментално по над 50 осомничени. Не може да се компарираме дури ни со вакви случаи во далеку поразвиени земји од аспект на тоа колку далеку е отидена истрагата. Им честитам на обвинителите кои покажаа дека навистина можело да се работи и поинаку во Македонија. Истрагата се води од Јавното обвинителство, МВР ги поднесе кривичните пријави кои до моментите на преземање дејствија сметаше дека треба да бидат поднесени. Против секој еден за кој има докази е пооднесена пријава од страна на МВР, рече Тошковски.

Тој оцени дека СДСМ, ДУИ и Левица со обвинувањата кои ги шират се обидуваат да ја манипулираат јавноста.

Во однос на изминатата една година, Тошковски е согласен дека имало непостапувања и во МВР поради што, напомена, има одговорност и затоа досега, заклучно со вчера, е поднесена кривична пријава против седум полициски службеници.

Можеби во текот на наредниот период ќе има и други полициски службеници кои ќе бидат предмет на почнување истрага, нагласи министерот.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ

Сите оние постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме, потенцира во изјавата Мицкоски

(Фото): Пролетна генералка на Скопје, јавните претпријатија на терен

Координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на Град Скопје започна денеска во утринските часови. Екипите на сите јавни претпријатија се вклучија во пролетната генералка на Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие.

Морничави детали на судењето за убиството во Штип: Делови од телото и крвавата облека фрлени во контејнери

Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судскиот процес против 75 годишниот Денис Асанов, кој е обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Според обвиниението Асанов се товари за кривично дело „убиство“ извршено при родово базирано насилство на брутален начин. Пред Судот денеска сведочеа роднина на убиената Николова и инспектори од СВР-Штип, кои работеле на случајот.– Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла, и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуваат од женско лице. Во купатилото, ходникот и кујната, откриени се траги на човечко ткиво, а според вештачењето, телото било влечено од дневната соба кон купатилото – рече во својот исказ вработен во СВР-Штип.

To top