Македонија

Тошковски: „Сејф сити“ ќе толерира само ситни прекршоци

За потешките случаи ќе следуваат постапки со кривична одговорност, појасни министерот за внатрешни работи

 

Системот „Сејф сити“ ќе функционира со јасно утврден праг на толеранција, но исклучиво за прекршоци, додека за потешките случаи ќе следуваат постапки со кривична одговорност, појасни министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

„Тест периодот покажува дека Македонија има сила да биде нормална земја. Македонските граѓани покажаа дека и во тест период кое ќе се вметне едно решение, сфатија и го забавија возењето во главниот град. Покажаа дека можат поинаку и дека сега се вистински Европјани. Намалени се бројките на сообраќајки на територија на Град Скопје, а осоено на тешки телесни повреди“, изјави Тошковски.

Како што објасни. правилата за толеранција не ги утврдува МВР, туку институција која сега е во рамки на Министерството за енергетика, во согласност со важечките прописи.

Според Тошковски, ваков праг на толеранција постои во голем број земји и се однесува на детектирање на прекршоци преку безбедносниот систем „Сејф сити“.

„Ако имаме забрана за управување возило до 50 километри на час, тоа значи дека сè што е над 50, особено ако има повреден пешак или други отежнувачки околности, ќе повлече соодветна постапка со кривична одговорност“, истакна министерот.

Тој нагласи дека толеранцијата ќе важи само за полесни прекршоци, додека опасното возење нема да биде предмет на компромис. Како аргумент, Тошковски се повика на светските статистики, кои, според него, јасно ја покажуваат опасноста од пречекорување на брзината.

„Статистиката покажува дека при судир со брзина од 60 километри на час, шансите за преживување се речиси минимални. Од 10 лица, во просек преживуваат само две“, изјави Тошковски, потенцирајќи дека основната цел на системот „Сејф сити“ е зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на тешки сообраќајни несреќи.

 

Најнови вести од: Македонија

Денес гласаат болните и изнемоштените лица пред утрешните збори за градоначалник во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Пред утрешното гласање на повторените избори за градоначалник во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, денеска избирачките одбори ќе им овозможат на болните и изнемоштените лица да го остварат својот глас во нивните домови, а ќе гласаат и притворените и затворениците, жители на овие општини. Од Државната изборна комисија (ДИК) посочуваат дека се е подготвено за повторените избори.

(Фото): Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од Првата светска војна

По безбедносните проверки на состојбата на неексплодираната граната, согласно пиротехничарските, деминерски, стандардни оперативни процедури, гранатата е безбедно подигната од местото каде е пронајдена и се транспортира за понатамошна постапка за нејзино уништување.

Крај на пушењето – се крои досега најстрог закон

Македонија е на чекор до донесување на најригорозниот закон за заштита од пушење досега, кој драстично ќе го промени секојдневието на пушачите, угостителите и трговците. Според нацрт-верзијата на законот до која дојде Телма, се подготвува целосно исфрлање на цигарите од јавниот живот и затворените простори, без исклучоци.

To top