Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски со први импресии од денешната втора сесија на Стратешкиот дијалог САД – Македонија во Вашингтон.
„Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД е важен процес што носи конкретни резултати за безбедноста на нашите граѓани.
Како Министерство за внатрешни работи, силен акцент ставаме на зајакнување на граничната безбедност, борбата против организираниот криминал, нелегалната миграција и трговијата со дрога, како и унапредување на разузнавачката соработка со нашите партнери.
Особено е значајно што Соединетите Американски Држави обезбедуваат над 3,5 милиони долари поддршка за јакнење на капацитетите на МВР, што претставува директна инвестиција во безбедноста на државата.
Паралелно, работиме и на јакнење на сајбер безбедноста, преку конкретна техничка поддршка, обуки и модернизација на системите, со цел поефикасна заштита на институциите и критичната инфраструктура.
Ова партнерство значи посигурни граници, поефикасна борба против криминалот и модерни, отпорни институции.
САД остануваат наш најважен стратешки партнер и силен сојузник во зајакнувањето на безбедноста, стабилноста и демократските капацитети на државата“, вели Тошковски.