Македонија

Трамп до Македонецот Павловски: Ако на Рамбл му оди добро и на вистината и оди добро (ВИДЕО)

За претседателот на Америка Павловски е човек од првиот ред

Видеото од настан на американскиот претседател Доналд Трамп каде тој го потпишува Genius Act покажува како тој му се обраќа на сопственикот на видео сервисот Рамбл (Rumble) Крис Павловски кој е со македонско потекло.

 

Трамп му се обраќа директно на Павловски, и се шегува за  распоредот на седење на Павловски, забележувајќи дека тој е типично „човек од првиот ред“  сугерирајќи дека сега е невообичаено љубезен што не седи во првиот ред.

 

Трамп од говорницата се распрашува како му оди на видео сервисот  Рамбл на што Павловски одговара дека на Рамбл му оди одлично.

 

На тоа американскиот претседател Трамп вели: „Ако на  Рамбл му оди добро, тоа значи дека и на вистината и оди добро“.

 

Трамп завршува со заблагодарување на Павловски, велејќи: „Одлично. Ти благодарам, Крис, многу“.

 

Павловски на социјалната мрежа Х поранешен Твитер објави благодарност за Трамп.

 

,,Ви благодарам, господине претседателе, за вашето неверојатно лидерство и сè што направивте.

Беше чест да се борам заедно со вас.

Законот GENIUS ќе донесе златно доба”, напиша Павловски.

 

Претседателот Доналд Џ. Трамп вчера го потпиша Законот GENIUS, историски закон што според него ќе го отвори патот САД да ја предводат глобалната револуција на дигиталните валути.

 

,,Законот GENIUS дава приоритет на заштитата на потрошувачите, го зајакнува статусот на резервна валута на американскиот долар и ја зајакнува  национална безбедност на САД.

Законот GENIUS ќе ја направи Америка неоспорен лидер во дигиталните средства, носејќи огромни инвестиции и иновации во нашата земја.

Претседателот Трамп го поддржува Законот GENIUS затоа што ги штити потрошувачите од злонамерни актери на финансиските пазари.

Ова долгоочекувано законодавство го создава првиот Федерален регулаторен систем за Криптовалути, обезбедувајќи ја нивната стабилност и доверба преку силни барања за резерви.

Законот GENIUS бара 100% поддршка од резерви со ликвидни средства како што се американски долари или краткорочни државни обврзници и бара од издавачите месечно, јавно да објавуваат за составот на резервите.

Издавачите на стабилни монети мора да се придржуваат кон строгите правила за маркетинг за да ги заштитат потрошувачите од измамнички практики. Клучно е што им е забрането да даваат лажни тврдења дека нивните стабилни монети се поддржани од владата на САД, федерално осигурени или законско средство за плаќање.

Законот GENIUS ги усогласува државните и федералните рамки за стабилни монети, обезбедувајќи фер и конзистентна регулатива низ целата земја.

Во случај на несолвентност на издавачот на стабилни монети, Законот GENIUS им дава приоритет на побарувањата на сопствениците на стабилни монети пред сите други доверители, обезбедувајќи конечна поддршка за заштита на потрошувачите”, објави Белата Куќа..

 

Крис Павловски е извршен директор на Rumble, платформа за споделување видеа која има најголем раст во овој бизнис и е близок сојузник на Трамп, обезбедувајќи техничка поддршка на Trump Media & Technology Group.

 

Rumble беше вклучен во хостирањето на Truth Social и се соочи со правни предизвици, вклучително и спор околу законот во Њујорк со кој се забранува говор на омраза на социјалните медиуми.

 

 

 

Видеото на линкот

 

https://x.com/chrispavlovski/status/1946308275403739565?t=mAvyag_ozTEd8_dXKTOOZw&s=19

Најнови вести од: Македонија

Кос: Македонија спроведе 56 отсто од предвидените реформи и ќе добие 71 милион евра

На самитот за Планот за раст, што се одржува во главниот град на Албанија, Тирана, еврокомесарката за проширување, Марта Кос направи преглед на достигнувањата на земјите од Западен Балкан со генерална оценка дека три земји постигнаа добар напредок во реформите, додека три други не ги искористија целосно понудените можности. Планот за раст, кој е во свoјата четврта година од реализација, предвидува исплата на средства според спроведените реформи и постигнатите резултати. Македонија ќе добие  нешто повеќе од половина од предвидените средства од ЕУ – 54 отсто, додека најдобра во искористувањето на европските пари е Црна Гора со 94 отсто.

Првата докторска дисертација за македонскиот јазик на Мазинг од 27.11.1890 „пепел“ ги прави фалсификатите на Бугарската академија на науки и шовинизмот на Софија!

На 27 ноември 1890 година – точно на денешен ден пред повеќе од еден век – во царска Русија, на престижниот Дерптски универзитет (денешен Универзитет во Тарту, Естонија), балто-германскиот лингвист и полиглот Леонард Готхилф Мазинг ја одбрани својата докторска дисертација за македонскиот јазик. Трудот, насловен „За јазичната повелба на оценка на македонските Словени“ (Zur sprachlichen Beurteilung der Macedonischen Slaven), зачуван во Дигиталниот архив на македонскиот јазик при МАНУ, претставува прв врвен научен документ од ваков ранг во светската славистика кој го третира македонскиот јазик како посебен лингвистички систем. Дисертацијата на Мазинг е неоспорлив европски научен доказ, кој целосно ги разобличува современите политички и академски тези за наводната „вештачка“ природа на македонскиот јазик и народ, кои доаѓаат од шовинистичките противмакедонски „кујни“ на официјална Софија и Бугарската академија на науки.

Разузнавачот Јовановски: Со уцени, закани, бугарската разузнавачка служба ни инсталираше врвни луѓе во политичкиот живот, од премиери до…

„Најголемиот успех на бугарската разузнавачка служба, а наш срам и неуспех , е тоа што таа нам ни изгради врвни луѓе и ни ги инсталира во врвниот општествен и политички живот. Од премиери, до ете, да не зборувам понатаму, тоа им е најголемиот успех. Еден ден ако бидам во можност, јас тоа ќе го ставам да се изучува во школите за разузнавање како пример – како една служба постапува во друга служба и држава. Спомнав и претходно, дали е со уцени со закани, со компромитирање или со друго мотивирање, останува прашање и не е битно, битно успехот е постигнат.“ – изјави поранешниот разузнавач и безбедносен аналитичар Владо Јовановски во интернет-емисијата „Наткаст“ на порталот „Курир“.

Од 1 декември 2026 околу 70 илјади потрошувачи во Скопје ќе плаќаат парно греење поскапо за 7,56 отсто

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека поради зголемената цена на природниот гас, што е резултат на геополитичките случувања, донесена е одлука со која од 1 декември цената на топлинската енергија се зголемува во просек за 7,56% за домаќинствата што се снабдуваат од ЕСМ Снабдување, ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Производство на топлина и ЕСМ Енергетика.

Забрзувањето на евроинтегративниот процес за Западниот Балкан и регионалната соработка – клучни теми на Процесот Брдо-Бриони

Денес во Охрид се одржува 15-тиот состанок на врвот на Процесот Брдо-Бриони .ќе се Главната тема е европската перспектива на земјите од Западен Балкан, со акцент на спроведување на потребните реформи, зајакнување на регионалната соработка и добрососедските односи.

„Курир“: Рокас потврди дека може да има блокади и по ставање на Бугарите во Уставот! Само Филипче верува дека е тоа „последно барање“ на Бугарија!

„Венко Филипче и неговата екипа од СДС останаа единствените луѓе во Македонија кои веруваат дека внесувањето на Бугарите во Уставот ќе биде последното барање на Бугарија. Ова директно го потврди и евроамбасадорот Рокас, кој не исклучи дека некоја членка на ЕУ може да нѐ блокира во преговорите со ЕУ!’ – пишува порталот „Курир во својата статија со наслов „Филипче и екипата останаа сами: И Рокас не исклучи дека НЕКОЈА ЧЛЕНКА МОЖЕ ДА НÉ БЛОКИРА И ВО ПРЕГОВОРИТЕ“.

Тошковски: Нека е за убаво, нека е за арно!

Министерот нагласи дека МВР нема да дозволи нарушување на јавниот ред и мир, ниту загрозување на безбедноста на учесниците во сообраќајот, потсетувајќи на инцидентите што се случувале о минатото за време на претходни прослави

Најнови вести

To top