Македонија

Трендафилов се претставува како жртва, а зема плата од скоро 1.000 евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Од пратеничката група сметаат дека Слободан Трендафилов ќе остане запаметен како „синдикалец“ кој нема склопено ниту еден договор корисен за македонскиот работник во текот на целиот негов мандат. Сметаат дека нападот врз Стојаноска е само доказ за немоќта на еден функционер кој го изгубил компасот и велат дека Трендафилов треба веднаш да си поднесе оставка и наместо да глуми жртва по медиуми, да подготви одбрана пред истражните органи за своето расипништво.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ смета дека реакцијата на претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, за кого велат дека сака да се претстави како „жртва на политички прогон“ е поради „фијаското на протестите на ССМ и Трендафилов пред Собранието“. Според ВМРО-ДПМНЕ, Трендафилов бара зголемување на минималната плата за 200 евра и останатите плати за 100 евра, а признал дека зема околу 1 000 евра плата, или 2,5 минимални плати.

  • „Човекот кој лицемерно се ‘бори’ за работниците, призна дека зема 57 000 денари плата и користи службено возило, а нашите сознанија велат дека добива и дополнителни бонуси“, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ му порачаа на Трендафилов ако смета дека му е загрозена приватноста, да пријави во институциите. Партијата го советуваше лидерот на ССМ „помалку да ги слуша советите од Филипче“, а повеќе да се интересира за интересите на работниците. Во одбрана на пратеничката Стојаноска застанаа и нејзините колеги од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението од пратеничката група се вели дека ова е очајнички крик на еден „синдикалец“ кој мисли дека со солзи и етикетирања ќе го избрише фактот дека ги троши парите на работниците за личен луксуз. Оттаму сметаат дека правосудните органи веќе имаат чист случај пред себе за кој Трендафилов велат дека веќе требало да дава исказ пред надлежните органи и да сноси одговорност за злоупотреба на службено возило за приватни цели.

  • „Додека лицемерно ги повикуваше пратениците да одат пешки, тој истиот ден се појави на протест со службено возило, а јавноста веќе виде како тоа исто возило се користи за семејни потреби како да е негова приватна сопственост“, се вели во соопштението.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го повикаа Јавното обвинителство веднаш да отвори постапка и да истражи како се користело службеното возило во ССМ од денот на неговото назначување до денес.

  • „Трендафилов залудно бара виновници кај пратениците. Спорната снимка е преземена од социјалните мрежи и е веќе јавно достапна. Најверојатно е снимена од револтиран работник или член на ССМ, на кој му е преку глава од вакви ’заштитници’ на работничките права“, се додава во соопштението.

Од пратеничката група сметаат дека Слободан Трендафилов ќе остане запаметен како „синдикалец“ кој нема склопено ниту еден договор корисен за македонскиот работник во текот на целиот негов мандат. Сметаат дека нападот врз Стојаноска е само доказ за немоќта на еден функционер кој го изгубил компасот и велат дека Трендафилов треба веднаш да си поднесе оставка и наместо да глуми жртва по медиуми, да подготви одбрана пред истражните органи за своето расипништво.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, побара од Министерството за внатрешни работи и од Обвинителството да поведат постапка против пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска. Исто така и од собранискиот спикер побара да поведе постапка за одземање на пратеничкиот имунитет на Стојаноска.

Пратеничката на нејзиниот фејсбук-профил објави видео, а во описот вели дека Трендафилов со службено возило на ССМ завршува приватни обврски. Притоа во видеото се прикажува како Трендафилов со неговите две деца влегува во автомобил. Трендафилов денеска на прес-конференција рече дека Стојаноска „му ги објавила малолетните деца за да можат сите да ги оцрнуваат и на таков начин да го уценуваат“.

Најнови вести од: Македонија

Весникот „Илинден“, гласникот на Македонците во Албанија – петнаесет години ѕвезда Деница за македонскиот збор

„Петнаесет години истрајност и посветеност – весникот „Илинден“ е жив хроничар на македонската заедница во Албанија, чувар на јазикот и културата и мост што ги поврзува генерациите и дијаспората низ светот. На 1 март 2011 година Македонското друштво ‘Илинден’ – Тирана го издаде првиот број на својот весник ‘Илинден’. Тој прв број, објавен како двоен (март/април), беше симболичен почеток на една медиумска приказна, која денес, петнаесет години подоцна, има 71 издание. Во текот на овие години, весникот не само што обезбеди континуитет и посветеност туку и изгради мостови меѓу заедниците – од Македонците во Албанија, преку читателите во татковината Македонија, па сè до дијаспората низ светот. Секое издание претставува сведоштво за една борба за видливост, за зачувување на јазикот и културата и за афирмација на македонскиот идентитет во услови на постојани предизвици.“ – пишува во статијата, која ја објави денес дневниот весник „Нова Македонија“.

Потпишан договор за изградба на паркинзи во Клиничкиот комплекс – Во првата фаза до втората половина на 2027 најмалку 500 паркинг-места

Министерството за здравство (МЗ) и Град Скопје го потпишаа Договорот за изградба на паркинзи во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Договорот е на 15 години, со 10 отсто закупнина од вкупно остварениот промет. Во првата фаза е предвидена изградба на два современи монтажни паркинга, со најмалку 500 паркинг места, кои се очекува да бидат ставени во функција до втората половина на наредната година. Паркинзите ќе бидат, пред се, наменети за пациентите и за вработените во Клиничкиот центар. Планирано е едниот паркинг да биде кај Клиниката за гинекологија, а вториот кај црквата во Клинички. Како што најавија министерот за здравство Азир Алиу и градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски пред потпишувањето на Договорот, ако има потреба, ќе биде изграден и трет монтажен паркинг. Ако се утврди дека капацитетите овозможуваат да се паркираат и приватни лица, ќе се овозможи и тоа.

Се возобновува Средното полициско училиште, ќе се запишат 200 ученици! – На 1.7.2026 јавен повик за прием на ученици

Околу двесте ученици ќе се примаат во првата, односно 25 класа на новото државно Средно полициско училиште – Полициска академија, за кое јавниот повик за учебната 2026/2027 година се очекува околу 1 јули. Со него ќе се возобнови средното полициско образование по пауза од 26 години, односно од завршувањето на последната генерација (1996-2000) пред укинувањето на тогашниот Центар за образование на кадри од областа на безбедноста (ЦОКОБ) „Елисие Поповски-Марко“.

To top