Македонија

Три лица приведени за пожарот во Трубарево

На жителите им е понудена евакуација и сместување во Центарот за обука на МВР во Идризово

Три лица се задржани во полициска станица во врска со пожарот во Трубарево, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на вонредна прес-конференција по седницата на Управувачкиот комитет за справување со кризи.

Со нив се врши информативен разговор, со цел да се утврдат причините за избувнување на огнената стихија.

Пожарот е локализиран, но се уште е активен. Според мерните инструменти на Министерството за одбрана, најголема загаденост е регистрирана во периметар од 150 метри околу местото на пожарот, на 200 м таа е средна, а од 200 до 400 м ниска.

На жителите на Трубарево им е понудена евакуација и сместување во Центарот за обука на МВР во Идризово, со капацитет од 400 лица.

 

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top