Македонија

Трите братчиња што го победија Охридското езеро примени од Сиљановска Давкова

Љубовта кон спортот и спортскиот дух којшто го негуваат тројцата, наместо насилство и говор на омраза, поттикнуваат натпревар на знаење, на посветеност и на издржливост

Трите братчиња од Делчево што го победија Охридското езеро денеска се примени од претседателката Гордана Сиљановска Давкова во вилата Биљана во Охрид.

 

Инспиративен е подвигот на братчињата Филип, Максим и Калин од Делчево кои годинава по вторпат го испливаа Илинденскиот пливачки маратон, во должина од 2,5 километри, објави претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

 

 

,,Освен што се гордост за своите родители, тие се и пример за врсниците, соучениците, за целата генерација.

 

Докажаа дека, со силна волја и решеност, нема предизвик којшто не може да се надмине. Двапати се соочиле со Охридското Езеро и двапати, го победиле.

 

Љубовта кон спортот и спортскиот дух којшто го негуваат тројцата, наместо насилство и говор на омраза, поттикнуваат натпревар на знаење, на посветеност и на издржливост”, објави претседателката по средбата со трите братчиња пливачи од градот каде што нема базен.

Најнови вести од: Македонија

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

Над 20.000 Македонци ја напуштија земјата за продолжениот викенд

Министерството за внатрешни работи вели дека сите човечки и технички капацитети се ставени во функција за забрзување на протокот на патници. Пракса е речиси секој продолжен викенд голем дел од македонските граѓани да го поминуваат во странство

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Илија Пенушлиски е роден во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.

To top