Централниот Совет на Македонците во Германија остро го осудува десетгодишниот влезна забрана што бугарските власти му го изрекоа на македонскиот адвокат за човекови права Тони Менкиноски.
Оваа мерка претставува сериозен удар врз слободното вршење на адвокатската професија и отвора суштински прашања за почитувањето на принципите на владеење на правото од страна на една членка на Европската Унија.
За ЦСНГ се работи за напад врз човековите права и владеењето на правото.
,,Тони Менкиноски е меѓународно познат адвокат кој повеќепати ги застапувал правата на македонското малцинство во Бугарија пред Европски суд за човекови права.
Фактот дека адвокат кој ги брани правата на своите клиенти пред европски суд е прогласен за „закана за националната безбедност“ од страна на една членка на Европската Унија претставува алармантен преседан. Таквата одлука може да се протолкува како обид да се попречи правната заштита на малцинските права и да се замолчат критичките гласови”, стои во ставот на организацијата.
Софија прави злоупотреба на европските механизми сметаат Македонците во Германија.
,,Особено загрижува фактот што земја членка на Европската Унија, која истовремено е дел од Шенгенскиот простор, користи безбедносни механизми за да му забрани влез на адвокат за човекови права.
Ваквото постапување е во спротивност со основните европски принципи, меѓу кои:
Повелбата на ЕУ за основните права
Европската конвенција за човекови права
независноста на адвокатурата
како и слободата на движење во рамките на Европската Унија
Ваквите мерки ја поткопуваат довербата во европскиот правен поредок и испраќаат опасна порака до бранителите на човековите права низ цела Европа”, се вели во објавата во која се упатуваат .
Јасни барања до Европската Унија.
Централниот Совет на Македонците во Германија бара:
Итна политичка реакција од Европската комисија предводена од Урсула фон дер Лајен.
Испитување на можноста за покренување постапка за прекршување на правото на ЕУ, доколку се утврди дека адвокат за човекови права е санкциониран од политички причини.
Јасна позиција на германската влада, дека мерки против адвокати кои ги застапуваат своите клиенти пред европски судови се неприфатливи во рамките на Европската Унија.
Според Централниот совет на Македонците во Германија кредибилитетот на Европската Унија е во прашање.
„Доколку една земја членка ги прогласува адвокатите што ги бранат малцинските права за безбедносна закана, тогаш не е доведено во прашање само владеењето на правото во таа држава – туку и кредибилитетот на Европската Унија како заедница на вредности.“
Централниот Совет на Македонците во Германија ги повикува европските институции, организациите за човекови права и демократските сили во Европа да не го игнорираат овој случај. Одбраната на човековите права и независноста на адвокатурата мора да останат неприкосновени принципи во Европската Унија.