Македонија

Туфегџиќ: Јавното обвинителство нема контакт со реалноста и Савески, како „свежа крв“ во правосудството, ќе наметне нов пристап во неговото дејствување!

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ оцени дека изборот на Ненад Савески како државен јавен обвинител претставува значајна можност за суштински промени во правосудниот систем, но изрази изненадување што изостанала јавна поддршка од институциите. Туфегџиќ јавно му даде поддршка на Савески, порачувајќи дека пред него стои сериозна задача, но и можност за вистинска преобразба на обвинителството. Тој  смета дека Савески има „огромна одговорност и историска шанса“ да поттикне позитивни движења и реални реформи, кои би ја вратиле довербата во институциите. 

Туфегџиќ посочи дека очекувал честитки и поддршка од судските власти, како и од Советот на јавни обвинители, имајќи предвид дека Савески доаѓа од судиската функција и има искуство и како јавен обвинител. Според него, токму ваквиот професионален профил носи потенцијал за промена на досегашните практики и за наметнување нов пристап во функционирањето на обвинителството. „Јавното обвинителство предолго е затворено само во себе и нема контакт со реалноста. Кога системот е затворен, не може да ги согледа сопствените слабости.“ – нагласува Туфегџиќ.

Тој се залага за законски измени, со кои би се овозможил поголем протек на кадри меѓу различните делови на правосудниот систем, вклучително и судиите, обвинителите и адвокатите. „Потребно е внесување ‘свежа крв’ – барем 10 проценти префрлање кадар меѓу институциите. Тоа е здраво за развој и носи нова перспектива.“ – истакнува Туфекџиќ. Според него, дополнителен аргумент во оваа насока е тоа што, согласно со светските стандарди, промената на работната средина на секои десет години придонесува за професионален развој и нови идеи. 

„Скопје 1.мк“

Најнови вести од: Македонија

Л.И. (27) од Црна Гора украла накит од златарница во Тетово, па била уапсена

Вчера, на 19 март 2026 во 16 часот во Тетово на ул.„Страшо Пинџур“ полициски службеници од СВР Тетово ја лишија од слобода Л.И. (27) од Р. Црна Гора, по претходна пријава од А.Х. (31) од Тетово, дека од неговата продавница за златен накит во Тетово, едно женско лице, кое питачело, одзело златни предмети.

Мицкоски со честитка за Рамазан Бајрам: Како народ отсекогаш сме знаеле да стоиме еден покрај друг

Во овие свети денови, кога се заокружува месецот на пост, трпение и на духовна посветеност, да се потсетиме на вистинските вредности што нè обединуваат како луѓе – почитта, солидарноста, хуманоста и грижата за другиот.

To top