Македонија

Туркије ја продолжува успешната туристичка приказна со 25,8 милиони посетители во првото полугодие

Туркије продолжува да биде една од водечките туристички дестинации во светот, откако во првото полугодие од 2026 година привлече 25,8 милиони странски туристи

Туркије продолжува да биде една од водечките туристички дестинации во светот, откако во првото полугодие од 2026 година привлече 25,8 милиони странски туристи. Во истиот период, приходите од туризмот достигнаа 25,8 милијарди американски долари, што е на исто ниво со минатата година.

Податоците ги презентираше министерот за култура и туризам на Туркије, Мехмет Нури Ерсој, на прес-конференција неодамна одржана во Истанбул. Според него, регионалните тензии на Блискиот Исток и глобалните неизвесности влијаеа врз туристичката побарувачка во првата половина од годината, но тоа немаше влијание  врз приходите од туризмот што ги оствари земјата.

„Иако Туркије не беше вклучена во конфликтот и сите наши авиокомпании и аеродроми продолжија да работат без прекини, затворањето на воздушниот простор на Блискиот Исток доведе до благ пад на побарувачката“, истакна Ерсој.

За споредба, во првите шест месеци од 2025 година Туркије ја посетиле 26,4 милиони меѓународни гости, додека во истиот период годинава бројката изнесува 25,8 милиони. И покрај ова мало намалување на бројот на посетители, туристичките приходи останаа на истото ниво од 2025 година, достигнувајќи 25,8 милијарди долари, што според министерот, е резултат и на стратешките мерки преземени во туристичкиот сектор.

Позитивен показател е и зголемувањето на просечната должина на престојот. Просечниот број ноќевања по посетител се зголемил за 0,5 проценти, достигнувајќи 10,01 ноќевања, додека просечната потрошувачка по ноќ пораснала за 2,6 отсто, на 109 долари.

Трите најголеми туристички пазари за Туркије остануваат непроменети. На прво место е Руската Федерација со 2,65 милиони посетители, следи Германија со 2,44 милиони, додека Обединетото Кралство е на третото место со 1,58 милиони посетители.

Според министерот Ерсој, Туркије силно ја започнала втората половина од годината, а актуелните проекции укажуваат дека ќе може да се очекуваат значително подобри резултати во преостанатите месеци.

Овие резултати уште еднаш го потврдуваат туристичкиот потенцијал на Туркије, која со својата географска положба, богато културно наследство и разновидни природни предели нуди искуства во текот на целата година. Од Истанбул, градот што ги поврзува Европа и Азија, преку историските локалитети, античките градови и музеите, до Кападокија со своите самовилски оџаци и спектакуларните летови со балон, Туркије им овозможува на посетителите да комбинираат културен, авантуристички и урбан туризам во едно патување. За љубителите на море и сонце, пак, тука се долгите брегови на Средоземното, Егејското и Црното Море, со бројни плажи, заливи и туристички центри. Анталија, Бодрум, Мармарис, Чешме и голем број помали крајбрежни места нудат различни форми на одмор, од семеен и релаксирачки, до луксузен, активен и наутички туризам.

Најнови вести од: Македонија

Кос: Македонија спроведе 56 отсто од предвидените реформи и ќе добие 71 милион евра

На самитот за Планот за раст, што се одржува во главниот град на Албанија, Тирана, еврокомесарката за проширување, Марта Кос направи преглед на достигнувањата на земјите од Западен Балкан со генерална оценка дека три земји постигнаа добар напредок во реформите, додека три други не ги искористија целосно понудените можности. Планот за раст, кој е во свoјата четврта година од реализација, предвидува исплата на средства според спроведените реформи и постигнатите резултати. Македонија ќе добие  нешто повеќе од половина од предвидените средства од ЕУ – 54 отсто, додека најдобра во искористувањето на европските пари е Црна Гора со 94 отсто.

Првата докторска дисертација за македонскиот јазик на Мазинг од 27.11.1890 „пепел“ ги прави фалсификатите на Бугарската академија на науки и шовинизмот на Софија!

На денешен ден, на 27 ноември 1890 година во царска Русија, на престижниот Дерптски универзитет (денешен Универзитет во Тарту, Естонија), балто-германскиот лингвист и полиглот Леонард Готхилф Мазинг ја одбранил својата докторска дисертација за македонскиот јазик со изворен наслов „За јазичната повелба на Македонските Словени. I. Застапеноста на tj и dj“ („Zur sprachlichen Beurteilung der macedonischen Slaven. I. Vertretung von tj und dj). Таа претставува прв врвен научен документ од ваков ранг во светската славистика, кој го третира македонскиот јазик како посебен лингвистички систем. Дисертацијата на Мазинг е неоспорлив европски научен доказ, кој целосно ги разобличува современите политички и академски тези за наводната „вештачка“ природа на македонскиот јазик и народ, кои доаѓаат од шовинистичките противмакедонски „кујни“ на официјална Софија и Бугарската академија на науки. Македонски Словени, македонски дијалекти – овие клучни поими во првата воопшто докторска дисертација за македонскиот јазик се европски научни сведоштва за македонската национална, идентитетска и јазична самобитност и засебност од другите балкански и европски народи, идентитети и јазици.

Разузнавачот Јовановски: Со уцени, закани, бугарската разузнавачка служба ни инсталираше врвни луѓе во политичкиот живот, од премиери до…

„Најголемиот успех на бугарската разузнавачка служба, а наш срам и неуспех , е тоа што таа нам ни изгради врвни луѓе и ни ги инсталира во врвниот општествен и политички живот. Од премиери, до ете, да не зборувам понатаму, тоа им е најголемиот успех. Еден ден ако бидам во можност, јас тоа ќе го ставам да се изучува во школите за разузнавање како пример – како една служба постапува во друга служба и држава. Спомнав и претходно, дали е со уцени со закани, со компромитирање или со друго мотивирање, останува прашање и не е битно, битно успехот е постигнат.“ – изјави поранешниот разузнавач и безбедносен аналитичар Владо Јовановски во интернет-емисијата „Наткаст“ на порталот „Курир“.

To top