Македонија

Уапсен 32 годишник обвинет за обид за убиство

Н.В. пред три дена со нож му нанел четири убодни рани на Д.С. од Виница, по што се дал во бегство

Полициски службеници од СВР Штип/ОВР Виница вчеравечер во 21:15 часот во Кочани го лишија од слобода Н.В. (32) од Виница.

Тој е осомничен за сторено кривично дело „Убиство во обид“ на 07.08.2025 пред угостителски објект во Виница.

Имено, Н.В. по претходна вербална расправија со нож му нанел четири убодни рани на Д.С. од Виница, по што се дал во бегство.

Известен е надлежен ЈО и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

To top