Македонија

Училишна кошничка со попуст до 15 проценти, Владата ќе ја разгледа нацрт-одлуката на 25 август

Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна кошничка, која во консултациите со трговците на големо и мало кои продаваат училишен прибор била прифатена како соодветен и практичен модел за намалување на трошоците за родителите пред почетокот на новата учебна година – информира денеска Министерството за економија и труд.

Согласно со предлогот, ќе се понуди училишна кошничка до 15 проценти попуст, а составот и крајната цена на кошничката, посочуваат дека ќе се разликува од трговец до трговец, во зависност од изборот, квалитетот и брендот на производите.

– Кошничките ќе бидат јасно означени и поставени на видно место, со прецизно наведен состав и цени на производите. На овој начин, родителите однапред ќе имаат целосна информација за тоа што ќе содржи пакетот и која ќе биде неговата цена. Попустот до 15 проценти ќе се пресметува директно на каса и ќе биде прикажан на фискалната сметка – појаснуваат од Министерството за економија и труд.

Нацрт-одлуката е доставена до Владата и во вторник ќе биде разгледана, по што ќе се донесе одлука за нејзиното усвојување и понатамошно спроведување.

Претходно денеска премиерот Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање посочи дека на следната владина седница во вторник ќе донесат одлука со која ќе се формира годинешната училишна кошничка

– Во рамки на можностите сето тоа ќе биде привлечно и за родителите и за учениците – рече Мицкоски при посетата на Прилеп.

Мерката, исто како и минатата година, ќе ги опфати основните училишни материјали што најчесто се купуваат пред почетокот на учебната година, меѓу кои ранци, тетратки, моливи, гуми, линијари, лепила, маркери, блокови, како и материјали за ликовно и техничко образование.

Со владината мерка се очекува да се намали финансискиот товар за семејствата во периодот пред почетокот на учебната година кога трошоците за опремување на учениците традиционално се зголемуваат.

Најнови вести од: Македонија

Минчев: Крај на неоправданото ширење на државниот апарат: дирекции и комисии постоеа сами за себе, трошеа народни пари, а не одговараа пред никого!

„Повеќе од 20 години јавната администрација беше свесно распарчувана и претворана во мозаик од институционални феуди. Секоја политичка криза, секој партиски договор во минатото, се плаќаше со создавање нови агенции, паралелни дирекции и непотребни комисии, кои постоеа сами за себе, трошеа народни пари, а не одговараа пред никого. Граѓаните и стопанството со години беа туркани во лавиринти од преклопени надлежности, каде што секој орган креваше раменици, а никој не ја преземаше одговорноста за лошите резултати” – предупреди министерот за јавна администрација Горан Минчев на јавна стручна дискусија во Скопје.

Градоначалникот на Аеродром Митески објави несовесна граѓанка како создава незаконска депонија, оставајќи стар мебел до контејнери

„Ова не е невнимание. Ова е неодговорност! Среде бел ден, на само неколку метри од контејнерите, се остава стар мебел и се создава нова дива депонија.“ – истакна на својот фејсбук-профил градоначалникот на Аеродром Дејан Митески, објавувајќи и фотографии на граѓанка од Аеродром, која други граѓани ја затекнале како остава стар мебел во близина на контејнери за смет, па потоа ја пријавиле.

ВМРО ДПМНЕ: Дипломатската способност на СДС и Филипче ја паметиме по домат дипломатијата, руските пранкери и лажниот принц, со кого Заев имаше средба

„Се јавија од партијата, чиј поранешен претседател и духовен гуру на Филипче, Заев, имаше средба со Стефан Чернетиќ од Торонто, кој лажно се претставувал како принц на Македонија и Црна Гора. Толку од дипломатската способност на Заев и Филипче.“ – истакнува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

Клековски денеска се вакцинира против сезонски грип: Ги повикувам граѓаните да се пријават час поскоро за бесплатната вакцинација

„Вакцинацијата против сезонски грип е најдобра и најефикасна мерка за спречување на ова заболување. Токму затоа денеска со личен пример укажав на важноста од навремената заштита на здравјето, посебно кај оние групи на население, кои се изложени на опасност. Вакцинацијата докажано спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход од сезонскиот грип.“ – нагласи министерот за здравство Сашо Клековски.

To top