Македонија

УЈП: Даночната дисциплина и фер конкуренцијата одат заедно

Управа за јавни приходи

Даночната дисциплина и фер конкуренцијата се неразделни во градењето здрава и одржлива економија. На средба организирана од Управата за јавни приходи преку Советот за даночна усогласеност на тема „Усогласеноста и фер конкуренцијата одат заедно“, државните институции и бизнис заедницата разговараа за конкретни мерки и партнерски пристап во намалувањето на сивата економија. Средбата претставуваше платформа за дијалог и размена на искуства, ставови и предлози од различни перспективи.

Борбата против сивата економија е стратешка цел на Владата и важен дел од фискалната политика, бидејќи директно придонесува за проширување на фискалниот простор и за економски раст. Во таа насока, под координација на Министерството за финансии, повеќе државни институции неодамна потпишаа заедничка декларација за партнерство и координирана акција за формализација на економијата. Средбата „Усогласеноста и фер конкуренцијата одат заедно“ е конкретен чекор за реализација на оваа заложба.

Покрај членови на Советот за даночна усогласеност, на средбата учествуваа претставници од Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат, Општина Кавадарци, Центарот за микро, мали и средни претпријатија при Стопанската комора на Северна Македонија, како и претставници од бизнис заедницата од угостителско-хотелскиот сектор.

Сивата економија е комплексен и системски предизвик кој со години е дел од економската реалност и затоа бара континуирани мерки, долгорочен и координиран пристап. Во својата програма за сузбивање на сивата економија, Управата за јавни приходи се води од принципот дека целта не е да се изрекуваат што повеќе казни, туку да се воспостави ред преку јасни правила, паметни контроли и еднаков третман за сите даночни обврзници.

Во изминатиот период Управата за јавни приходи посебен фокус стави на угостителството, трговијата на мало и одредени услужни дејности, каде што плаќањата претежно се вршат во готовина и постои поголем ризик од неевидентирање на прометот. Активности во овие сектори спроведува и Државниот пазарен инспекторат, што ја потврдува потребата од координиран институционален пристап.

Учесниците на средбата нагласија дека сивата економија не е само прашање на неплатен данок, туку и сериозен фактор што создава нелојална конкуренција и директно ги оштетува компаниите што работат чесно. Оттука, намалувањето на неформалната економија бара партнерство меѓу државните институции и бизнис заедницата.

Во дискусијата беше истакната и улогата на современите технологии и дигиталните алатки во подобрување на поврзувањето и размената на информации меѓу институциите, со цел неформалните активности да не останат во зоната на „невидливост“ и „неказнивост“. Воедно, беа посочени и одредени административни и финансиски оптоварувања со кои се соочуваат малите бизниси при исполнување на обврските кон државата.

Посебно внимание на средбата беше посветено и на краткорочното туристичко изнајмување, вклучително и активностите што се одвиваат преку дигитални платформи. Сместувачките капацитети имаат значајно фискално значење и за централната и за локалната власт, но истовремено носат и исти ризици во однос на наплатата на јавните приходи од дејноста. Претставниците на локалната самоуправа ги истакнаа административните и системските предизвици што влијаат врз ефикасноста на наплатата на овие приходи, а со тоа и на финансиската стабилност и независноста од централната власт. Претставниците од угостителско-хотелскиот сектор посочија дека неформалноста во секторот претставува сериозна нелојална конкуренција за чесните бизниси, но и негативно влијае врз локалниот економски развој.

Средбата ја потврди важноста на партнерскиот пристап меѓу државните институции и бизнис заедницата и потребата од координација во справувањето со неформалната економија. Пораката од средбата е јасна: даночната дисциплина и фер конкуренцијата одат заедно.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

(Фото): Како ќе изгледа и кога ќе биде готова Универзална сала?!

Објектот беше значително оштетен во пожарот што избувна на 9 април 2024 година, само по еден месец откако, по пауза од две години, продолжија градежните работи за негова реконструкција. Од пожарот беше зафатена старата конструкција. Веднаш по пожарот, од градежната фирма посочија дека, најверојатно, се запалил стар кабел или некоја стара инсталација.

„ТАВ Македонија“ втора година по ред добитник на сертификатот Great Place To Work®

Компанијата Great Place To Work® е глобален авторитет за културата на работното место, којашто има 30 годишно искуство со револуционерни истражувања и податоци со кои им помага на многу компании да станат одлично место за работа за сите. Се фокусира на присуството на вработените и на лидерското однесување и докажано е дека обезбедува водечки приходи во пазарни услови, задржување на вработените и робустни иновации.

To top