Македонија

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки

Управа за јавни приходи

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека континуирано соработува со надлежните институции во сите случаи каде што постои сомневање за незаконито постапување во даночната област, нагласувајќи дека во врска со актуелниот случај кој се однесува на 11 вработени, УЈП е во постојана и целосна соработка со обвинителството, при што обезбеди и достави целосна документација, материјали и експертски појаснувања поврзани со даночната регулатива и постапките.

Стручните констатации и наодите добиени од спроведените контроли, се вели во соопштението од УЈП, претставуваат основа за постапување на другите надлежни органи.

– Управата за јавни приходи јасно нагласува дека нема компромис кога станува збор за незаконито постапување, злоупотреба или корупција. Овие појави се неприфатливи и целосно спротивни на професионалните и етичките принципи на институцијата. Истовремено, УЈП смета дека во сите постапки мора доследно да се почитува принципот на презумција на невиност, како основна гаранција во правниот поредок, информираат од УЈП.

Триесетдневен притвор за осум лица по истрагата за штета од речиси 4,8 милиони евра на државниот буџет

Во меѓувреме, додека трае постапката, од УЈП посочуваат дека се преземени навремени и соодветни мерки за обезбедување непречено функционирање на институцијата и стабилност на работните процеси во засегнатата организациона единица. Со тие активности се овозможува континуитет во работењето, заштита на јавниот интерес и зачувување на институционалниот интегритет.

Управата за јавни приходи останува посветена на владеењето на правото, отчетното и професионално постапување и на заштитата на јавниот интерес. УЈП продолжува да соработува со сите надлежни органи со цел утврдување на одговорност таму каде што постои, но и зачувување на угледот, довербата и интегритетот на институцијата и нејзините вработени, стои во соопштението од УЈП.

Најнови вести од: Македонија

Цветановски: Изјавите на Лејла Кадриу за случувањата во СЈО не се изненадување за правосудната фела

„Можеби за дел од јавноста изјавите на колешката Кадриу беа изненадување, но сигурен сум дека за правосудната фела, особено моите колеги обвинители, не. Кадриу само го потврди тоа што потајно се шпекулираше за случувањата зад затворени врати во СЈО. Сега тоа не се шпекулации, туку потврдување од сведок кој лично ги увидел состојбите“, вели обвинителот Јово Цветановски во интервју за „Република“ .

ВМРО ДПМНЕ: Не Стојановска, туку Трендафилов да одговара за злоупотреба на службено возило за приватни цели!

„Наместо да се сокрие од срамот пред македонскиот работник, претседателот на Сојузот на синдикатите Слободан Трендафилов одбра со невидена дрскост, паника и нервоза да ја напаѓа пратеничката Дафина Стојаноска, глумејќи жртва за да го прикрие сопствениот скандал. Додека лицемерно ги повикуваше пратениците да одат пешки, ‘синдикалецот’ Трендафилов истиот ден се појави на протест со службено возило, а јавноста веќе виде како тоа исто возило се користи за семејни потреби како да е негова приватна сопственост.“ – реагира пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Украл бакарни кабли вредни 200 илјади евра од градилиштето за подземниот булевар во Скопје!

Вработен во обезбедувањето на подземниот булевар во изградба кај комплексот Дајамонд во центарот на Скопје заврши со лисици на рацете. Полицијата го товари дека за еден месец украл околу два километра бакарни кабли од градилиштето за подземниот булевар. Според информацијата на МВР вредноста на украдените бакарни кабли изнесува околу 200 илјди евра.

ВМРО-ДПМНЕ предлага уште пет години рок за легализација на бесправно изградените објекти

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, по скратена постапка, за да не останат граѓаните со нерешени статуси за своите домови, поради административни пречки, или бавни процедури.

Нови противпожарни возила за „Јасен“

Специјализирани возила и опрема, вклучително противпожарно возило со голем капацитет за вода, две теренски возила со интегрирани пумпи, возило за интервенции во мала инфраструктура за заштита од пожари (багер со лопата), оптички систем за надзор со долг дострел како и опрема за мали инфраструктурни интервенции

Мафија на лажни просјаци „оперира“ околу Клиничкиот центар во Скопје, предупредува доктор Лазаров

Доктор Ненад Лазаров јавно алармира дека во околината на клиничките установи во Скопје дејствува добро организирана група лица кои се претставуваат како просјаци и лица со инвалидитет, а според него всушност се работи за професионална мрежа што секојдневно прибира значителни суми пари од граѓаните.

Најнови вести

To top