Македонија

УКИМ го организира Првиот форум за квалитет во високото образование

Денес во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе се одржи Првиот годишен форум за квалитет во високото образование, на кој свое обраќање ќе има министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Денес во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе се одржи Првиот годишен форум за квалитет во високото образование, на кој свое обраќање ќе има министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Форумот е организиран со цел да се презентираат досегашните активности на УКИМ за воведување нов систем за следење на квалитетот и постигнувањата, во согласност со националните стандарди и критериумите на Европското здружение за обезбедување на квалитет во високото образование (ENQA).

Универзитетот истакнува дека клучен аспект на форумот е зајакнувањето на соработката меѓу академската и бизнис-заедницата, со цел создавање на поусогласен и релевантен образовен систем.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Цената на дизелот ќе се намали за два, на бензинот за 1,5 денари

цената за евросупер 95 ќе биде 82 денари за литар, за евросупер 98 – 84 денари, а дизел годивото ќе се точи за 95,5 денари, а во овие цени не се пресметани поспустите од 2 односно 3 денари што ги обезбедува Окта за своите коминтенти

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

To top