Македонија

Украдени 72 метри кабел од железничката пруга Скопјe-Гевгелија

Непознати крадци вчера исекле и однеле 72 метри бакарен кабел од железничката пруга Скопјe-Гевгелија во близина на селото Мрзенци, загрозувајќи го железничкиот сообраќај, соопшти МВР

 

 

„Вчера во 16:10 часот, Полициската станица Гевгелија добила пријава дека помеѓу 13:30 и 14:30 часот, непознат сторител исекол и одзел два бакарни кабли, долги 60 и 12 метри, од железнички мост преку Мрзенска река, каде што се одвива железнички сообраќај.
Се преземаат мерки за расветлување на случајот“, соопшти полицијата.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top