Македонија

Украина ја обновува нападнатата енергетска инфраструктура со македонски трансформатори

Украинското Министерство за енергетика ѝ се заблагодари на Македонија за добиената опрема од производителот „Раде Кончар“

Енергетските компании во регионите Харков и Запорожје добија енергетски трансформатори од македонскиот прозиводтел „Раде Кончар“, префрлени од магацините на центарот за итна помош на Министерството за енергетика на Украина.

„Трансформаторите ќе помогнат во обновата на оштетените објекти и за одржување стабилно функционирање на енергетската инфраструктура во регионите кои систематски се цел на руски напади. Опремата ќе се користи за обнова и поддршка на функционирањето на енергетската инфраструктура во регионите кои редовно се нападнати од Русија“, соопшти Министерството за енергетика на Украина, кое изрази благодарност до Македонија и до „Раде Кончар“ за поддршката на енергетскиот сектор на Украина и за солидарноста со Украина.

Македонија, исто така, обезбеди поддршка за медицинската инфраструктура. Амбасадата на Украина во Скопје, заедно со претставници на меѓународниот дипломатски кор и организацијата „Каритас“, му донираше дизел генератор „Раде Кончар“ од 35 киловати на Националниот институт за кардиоваскуларна хирургија „Микола Амосов“.

Генераторот е купен со средства донирани од странски дипломати акредитирани во Македонија. Опремата е наменета да обезбеди резервна енергија за институцијата во случај на прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Најнови вести од: Македонија

В година нова авиолинија Дубаи – Скопје

Новата линија ќе придонесе за развој на туризмот и бизнисот, особено затоа што ќе функционира и во периодот надвор од летната туристичка сезона. Николоски соопшти и дека се разговара за воспоставување директна линија меѓу Охрид и еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати. Како можни дестинации ги посочи Абу Даби и Шарџа.

Пензиите од октомври ќе бидат повисоки за три отсто

Усогласувањето на пензиите во Македонија ќе се реализира според законската формула утврдена во членот 37 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување и ќе изнесува 3 отсто. Зголемените примања пензионерите ќе ги добијат на почетокот на октомври, бидејќи пензиите се исплаќаат за претходниот месец.

(Фото): „Мотоцентар“ ги претстави брендовите „Dunlop“ и „Falken“ – нова ера на супериорни перформанси и безбедност на патиштата

„Мотоцентар“ официјално ја презентираше соработката со водечкиот глобален производител на гуми “Sumitomo Rubber Industries“ (SRI). Во рамки на презентацијата која се одржа денес во хотелот “DoubleTree by Hilton“ во Скопје, беа претставени брендовите Dunlop и Falken.

To top